Monday, 30 September 2013

ВИЛШЕР ДОБИ ЌЕРКИЧКА !!!

-  Вилшер стана татко

Халфот на Арсенал, Џак Вилшер стана татко по втор пат, откако неговата понежна половинка Лорен Нил роди ќеркичка. Девојчето се вика Дилајла Грејс Вилшер. Фудбалерот има и двегодишен син Арчи. Сега останува да видиме дали Вилшер ќе ја искористи оваа радосна вест во неговото семејство и ќе заигра подобро во составот на Арсенал.




РАМЗИ МИСЛИ ЗА ТИТУЛАТА.

-  Рамзи ја посакува титулата

Арон Рамзи ја посакува титулата, откако му помогна на Арсенал да го заземе првото место на табелата во Висашата лигата.
"Дефинитивно целта ни е да се бориме за титулата. Во тимот имаме доволно квалитет. Покрај повредите на важни играчи успеавме да постигнеме неколку добри победи и сега кога соиграчи ќе се вратат ќе станеме уште подобри. На теренот на Свонси се игра тешко, но ние си додававме добро. Целта ни беше да работиме солидно и да не допуштиме брз гол, а по паузата ги искористивме ситуациите кои ги имавме. Успеавме да ги повлечеме во нашата половина и потоа ги фативме на контранапади".
"Мислам, дека во текот на целата кариера излегував на добри позиции, но можеби малку избрзував и не бев прецизен пред голот. Сега сум многу поуверен, ги преценувам подобро ситуациите и се е како што треба", изјави Рамзи.

МУРИЊО: ТОРЕС Е ВО ФАНТАСТИЧНА ФОРМА

-  Мурињо: Торес знае дека сум задоволен од неговата игра

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо истакна дека напаѓачот Фернандо Торес се наоѓа во одлична форма.
"Фернандо е многу силен. Физички во моментов се наоѓа во топ форма. Ја гледав неговата презентација во Челси во претходните сезони и тој изгледаше тежпк и многу тромав. Но сега едноставно се наоѓа во фантастична кондиција. Навистина игра многу силно. Но јас немам потреба да му го кажувам тоа, тој добро го знае моето мислење. Знае дека сум задоволен од неговата игра", изјави Мурињо.

БЈУТНЕР: ВО ЈУНАЈТЕД НЕМА КРИЗА

-  Бјутнер: Не мислам дека ова е криза

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Александер Бјутнер одби да признае, дека неговиот тим се наоѓа во криза.
"Не сметам дека, тоа е криза. Се разбира, публиката сака да види од тимот како победува, играчите го сакаме истото. Загубивме неколку натпревари, а кога губиме, нема и како да бидеме среќни. Но сезоната само што започна и ние се уште може да постигнеме повеќе победи. Треба да има доверба кон играчите и останатите во тимот. Сметам, дека во нашиот тим има потенцијал и убеден сум, дека наскоро ќе почнеме да победуваме".
"Нема сомнение дека ова е многу непријатна загуба, бидејќи не игравме лошо против Ливерпул и ги елиминиравме, а потоа отстапивме пред ВБА. Сите беа многу вознемирени. Мислам дека испуштивме премногу голови, а противникот максимално ги искористи шансите за гол. Ни беше тешко да постигнеме погодок, бидејќи противникот се прибра во одбрана и сите единаесет играчи го бранеа својот гол. Тоа не беше лесен натпревар, но сега треба да се обрне внимание на следниот дуел", изјави Бјутнер.

ГО ТЕРАЛЕ НАСИЛА, ДЕ ГЕА ДА ЗЕМА ПРОТЕИНИ И ДА РАБОТИ ВО САЛАТА ЗА ФИТЕНС

-  Тренер: Насила му дававме протеини на Де Геа

Поранешниот тренер на голманите во Манчестер Јунајтед, Ерик Стил си дозволи да упати критики кон голманот на "црвените ѓаволи" Давид Де Геа, кој во почетокот на кариерата на "Олд Трафорд" не се претставуваше по најдобариот можен начин.
"Тој имаше проблеми со начинот на живот. Спиеше по 2-3 пати на ден и многу јадеше пред спиење. Освен тоа премногу често јадеше сендвичи. Го теравме насила да прима протеини на тренинзите. Го теравме исто така повеќе да работи во салата за фитнес, а тој го мразеше тоа нешто. Во Шпанија не се посветува големо внимание во оваа област и во почетокот имавме проблеми со него. Беше многу важно да ја зголеми својата физика. Еден од проблемите му беше тоа, што тежеше само 71 килограми. Работевме и на теренот, и надвор од него, за да биде тој посилен", изјави Стил.

ТОРЕС МОЖЕ ДА БИДЕ КАЗНЕТ СО ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ

-  Торес може да биде казнет за четири натпревари

Напаѓачот на Челси, Фернандо Торес може да биде дисквалификуван за четири натпревари.
Денес стана јасно дека главниот судија на натпреварот Мајк Дин ќе мора да даде објаснувања пред Фудбалската асоцијација за оваа епизода. Ако се разјасни, дека инцидентот се лизнал од вниманието на судијата, записите од ситуацијата ќе бидат разгледани од независна комисија.
Во случај, ако прекршокот биде определен за заслужен црвен картон, Торес ќе биде казнет со дополнителна дисквалификација од три натпревари. Ако тоа се случи, напаѓачот нема да може да игра против Норич, Кардиф и Манчестер Сити во Премиер лигата, како и против Арсенал во Лига Купот.

ЛЕИВА: СУАРЕЗ Е ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕН НА ЛИВЕРПУЛ

-  Леива: Суарез докажа дека е верен на Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул Лукас Леива изрази радоста по повод враќањето во тимот на напаѓачот Луис Суарез.
"Суарез повторно докажа колку е добар. Тоа е фудбалер од светска класа и е многу важно да имаш сличен играч во тимот, ако сакаш да се бориш за трофеи. Се надевам дека како и минатата сезона тој ќе има фантастична сезона. Ситуацијата околу него ги вознемири сите, но јас многу се радувам што тој останува кај нас. Луис со својата игра покажа, дека е вистински оддаден на својот клуб. Тој сака да му помогне на Ливерпул, а ние пак ќе се обидеме да им помогнеме на Луис. Видовте колку добро комуницираат со Стариџ. Двајцата немаа многу време да се уиграат, но нивното разбирање на теренот е неверојатно, тие двајцата ќе станат се подобри", изјави Леива.

МУРИЊО СЕ НАДЕВА НА НОВ ДОГОВОР ЗА ТЕРИ.

-  Мурињо: Тери ќе издејствува нов договор

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо е убеден дека дефанзивецот Џон Тери ќе издејствува нов договор со клубот.
"Мислам дека Тери има иднина со начинот на кој игра. Тој може да има иднина тука или во Кина, или каде ќе одлучи да ја продолжи кариерата. Тој треба да работи сериозно, за да ја одржува добрата форма и да ги нема истите проблеми, каои ги имаше во последните години. Џон е добар играч, а најдобрите играчи немаат проблеми со нивните договори. Мислам, дека фактот, што тој знае, дека го сакам исто има значење. Јас му имам целосна доверба, а тоа е важно за него. Тој знае дека ако го оставам надвор од составот, тоа е за негово добро и така не е под притисок, како порано. Во физичкиот однос работиме одлично со него. Мислам дека тој е во одлична кондиција во моментов ", изјави Мурињо.

СТАРИЏ: НЕ ИГРАВ НАМЕРНО СО РАКА ПРИ ПОГОДОКОТ.

-  Стариџ: Не постигнав погодок намерно со рака


По натпреварот, Стариџ ја објасни ситуацијата пред "Sky Sports" на следниов начин:
"Беше прекрасно центрирање на Стиви и очигледно се обидов да ја ударам топката со глава, но изгледа мојата игра со глава не е многу добра. Ја помашив топката и таа се удри во мојата рака, но не го направив намерно. Понекогаш се случуваат такви нешта ".
"Натпреварот беше многу тежок. Не мислам дека игравме толку добро колку што можевме во првиот дел, но водевме со 2:0. Потоа малку се опуштивме во второто полувреме. Одлично е, што Луис се врати и ни дава повеќе можности во нападот. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и почнуваме да формираме добро партнерство".

ДЕРБИ КАУНТИ ГО ОТПУШТИ МЕНАЏЕРОТ КЛАФ.

-  Дерби Каунти го ослободи тренерот

Поранешниот англиски репрезентативец, Најџел Клаф беше отпуштен од менаџерскиот пост на Дерби Каунти после поразот со 0:1 од регионалниот ривал Нотингем Форест во средба од Чемпионшоп дивизијата.
47-годишниот стратег, чиј татко Брајан го изведе Форест до титули во 70-тите години, доживеа трето пораз во последните девет дена на чело на Дерби Каунти.
"По долга дискусија бордот на директори одлучи дека е време Дерби да помине на следното ниво, да се заврши во горната половина на табелата во оваа сезона. Ја искористуваме можноста да му се заблагодарам на Клаф, како и да му посакаме успех во менаџерски кариера", соопштија од клубот.
Според медиумите на Островот, фаворит за испразнетиот пост е ослободениот тренер од Стоук Сити, Тони Пјулис.

МОЈС ОТКАЧИ, ПОЧНА ДА ЗБОРИ ЗА ЛШ, А ТОЈ НЕ СЕ СПРАВУВА НИ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА.

-  Мојс: Манчестер Јунајтед нема класа да ја освои Лигата на Шампионите

Манчестер Јунајтед нема играчи од светска класа, за да триумфира со трофејот во Лигата на Шампионите, изјави менаџерот на англискиот шампион Дејвид Мојс.
"Имаме потреба од пет или шест играчи од светска класа, за да ја освоиме Лигата на Шампионите. Погледнете го Баерн Минхен, тие ги поседуваат. Погледнете ја Барселона, како и Реал Мадрид во минатото. Во моментов Реал можеби повторно поседува сличен состав. Ако еден тим е на ова ниво, може да ја освои Лигата на Шампионите. Во моментов ние се уште не ги поседуваме нивните квалитети, но сепак имаме искуство", изјави Мојс.

РОЏЕРС: СУАРЕЗ И СТАРИЏ ПРЕКРАСНО КОМБИНИРАА

-  Роџерс: Суарез и Стариџ имаа одличен натпревар

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс ги пофали своите напаѓачи по победата со 3:1 над Сандерленд во рамките на шестото коло во Премиер лигата.
"Суарез ги береше плодовите на својата напорна работа во времето, кога не играше. Тој и Стариџ имаа прекрасен натпревар, добро комбинирајќи еден со друг. Ние добро се подготвивме за средбата по лошата загуба во Манчестер. Бевме опасни на контранапади и игравме како обединет тим", изјави Роџерс

ВЕНГЕР ГО СПОРЕДИ МИЧУ СО БЕРГКАМП.

-  Венгер: Мичу ми личи на Бергкамп

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го спореди полудефанзивецот на Свонси, Мичу со поранешниот фудбалер на "топџиите" Денис Бергкамп.
"Мичу може да исполнува на теренот функции на офанзивен халф, а исто така и на напаѓач. Би го споредил со Бергкамп. Благодарение на неговата универзалност тимот може да има еднаков успех, да игра со шема 4-4-1-1 со него на врвот на нападот или во длабочина, а исто така и со шема 4-4-2 со Бони заедно како напаѓачи", изјави Венгер.

КОМПАНИ: МОЖЕВМЕ ДА ПОСТИГНЕМА 5-6 ГОЛА ПРОТИВ ВИЛА, НО...

-  Компани: Можевме да постигнеме 5-6 гола против Вила

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Венсан Компани ги сподели своите ставови за натпреварот од шестото коло на Премиер лигата против Астон Вила.
"Бевме сигурни дека ќе победиме. Но во Астон Вила максимално ги реализира шансите: имаа три шанси и постигнаа три погодока. Сити мирно можеше да даде пет или шест гола. Не треба да дозволиме грешки во следните натпревари. Сепак не ни стигна и среќа. Првиот гол беше од офсајд, а вториот од статична ситуација".
"Причините да не играем добро нагости? Не можам да кажам дека не создаваме шанси за гол. Еве, можеше да постигнеме пет-шест гола, а Вила си реализира сè што имаше. Што да направите, кога ќе има и такви лоши денови?", изјави Компани.

ПОЧЕТИНО: АКО САКАМЕ ДА ПРОДОЛЖИМЕ НАПРЕД, ТРЕБА ДА ЈА ЗАДРЖИМЕ КОНЦЕНТАРЦИЈАТА

-  Почетино: Треба да останеме концентрирани

Тренерот на Саутхемптон, Маурисио Почетино по победата во натпреварот од шестото коло во Премиер лигата против Крисал Палас со 2:0 изјави, дека играчите имаат потреба од целосна концентрација, ако сакаат да останат на врвот во табелата.
"Верувам во своите момци. Сезоната е многу долга, но најважно е заемната доверба меѓу тимот и менаџерот. Неопходно е да работиме уште повеќе и да се стремиме кон победата во секој натпревар. Можеби понатаму ќе станува потешко, бидејќи сега нашите противници ќе гледаат во Саутхемптон огромна закана и бидат повнимателно кон нас. Сум бил фудбалер и знам дека вртоглавица од локалните успеси е недопустлива. Главите треба да ни останат ладни. Засега е неопходно да останеме концентрирани, ако сакаме да го задржиме постигнатото", изјави Почетино.

КЛАРК: ИГРАВМЕ СОВРШЕНО ПРОТИВ ЈУНАЈТЕД

-  Кларк: Играта ни беше поблиску до совршената

Менаџерот на Вест Бромич, Стив Кларк остана задоволен од активностите на своите играчи во средбата против Манчестер Јунајтед.
"Мислам, дека секој кој ме слушна пред натпреварот разбрал, дека сум расположен оптимистички, ние дојдовме тука за да ја играме својата игра. Убеден сум, дека моите момци ме послушаа и покажаа одлична игра од почетокот на крајот. Кога на "Олд Трафорд" си исправен против шампионот, за победата си должен да ја покажеш игра, блиска до совршенство. Мислам, дека сега го направивме. Моите фудбалери создаваа многу шанси за гол и прекрасно работеа со топката. Единственото нешто што можам да го направам е да ги пофалам", изјави Кларк.

МУРИЊО ЗАДОВОЛЕН ОД МАТА.

-  Мурињо: Мата ќе игра против Стеауа

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо остана задоволен од играта на халфот Хуан Мата во средбата од шестото коло во Премиер лигата со Тотнем.
"Токму на тој начин играчите треба да ми покажуваат дека тие сакаат да бидат во мојот тим. Како тренер понекогаш правам грешки, но јас се базирам на она што го гледам на тренинзите и во натпреварот. Ми се допадна на каков начин играше Мата против Свиндон, поради тоа го вклучив за средбата со Тотнем. Сега останав задоволен од она што го видов за 45 минути. Среќен сум кога Мата игра на овој начин. Отсега можам да кажам дека Хуан ќе игра со Стеауа во Лигата на Шампиони. Тој ја заслужи оваа шанса. Сакам моите фудбалери да ми покажуваат дека сакаат да играат во мојот тим. Мата го направи тоа", изјави Мурињо.

ВЕНГЕР: ГИ ИСКОРИСТИВМЕ ШАНСИТЕ И СТИГНАВМЕ ДО ПОБЕДА.

-  Венгер: Ги искористивме шансите

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави, дека неговиот тим ги искористил  своите шанси во победата против Свонси.
"Нема ништо подобро од тоа да победуваш. Првото полувреме беше многу тешко, нашите комбинации беа премногу бавни, а Свонси делуваше поостро во напад. Се зависеше од тоа кој ќе биде трпелив и кој ќе дозволи грешка. По паузата можеше да се види вистинското лице на тимот. Ние го завршивме натпреварот со потребниот резултат за нас и тоа е најважно".
"Знак за класата на еден тим се состои во тоа, кога тимот ги добие своите ситуации, тој ги искористиува. Денес ние ги искористивме. Нашиот дух беше подложен на тест по првиот меч во сезоната, но ние се стремевме и сакавме да станеме подобри. Ајде да се фокусираме на тоа", изјави Венгер.

МОЈС ПРИЗНА ДЕКА ЈУНАЈТЕД БЕШЕ "ДРВО" ПРОТИВ ВБА

-  Мојс: Не игравме добро

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс раскажа за причините за поразот во натпреварот од шестото коло на Премиер лигата против ВБА.
"Денес не покажавме добра игра ниту во нападот, ниту во одбраната. Во првото полувреме многу ја поседувавме топката, но од тоа не успеавме да извлечеме никаква предност. Имавме две опасни ситуации, но тимот не успеа да постигне гол. Не се грижам за реакциите на навивачите, тие беа прекрасни. Се разбира, навивачите сакаа да видат друга игра, но не се претставивме добро. Во второто полувреме исто така не успеавме да ја поправиме играта".
"Секогаш ќе има лоши резултати. Прашањето е како ќе се справиме со нив. Пред нас има уште многу средби", изјави Мојс.

Sunday, 29 September 2013

ПЕЛЕГРИНИ: НЕ ЗАСЛУЖИВМЕ ПОРАЗ ПРОТИВ ВИЛА

-  Пелегрини: Заслуживме повеќе

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелгрини го сподели своето мислење за негативниот резултатот 2:3 во средбата со Астон Вила од шестото коло во Премиер лигата.
"Игравме добро и ја заслуживме победата, но успеавме за пет минути да го изгубиме сето добро, што го направивме во овој натпревар. Едноставно е неверојатно, како отстапивме. Два пати поведувавме и го контролиравме текот на натпреварот. Мора да го сочуваме мирот и трпението. Уживав во начинот на игра. Пак повторувам, екипата заслужуваше повеќе", изјави Пелегрини.

АВБ: РЕЗУЛТАТОТ ПРОТИВ ЧЕЛСИ Е ПРАВЕДЕН.

-  Вилаш-Боаш: Резултатот е фер

Менаџерот на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш го коментира исходот од натпреварот од шестото коло на Премиер лигата против Челси.
"Мислам дека ова е фер резултат. Во второто полувреме не игравме толку добро како што сакавме. Противникот постигна погодок од статична ситуација. И двата тима ги имаа свои шанси за гол, но резултатот е на семафорот. Пред паузата можеше да водиме со 2:0, тогаш натпреварот ќе беше решен. Овој резултат е повеќе во корист на Челси отколку на нас", рече Вилаш-Боаш.

МУРИЊО ПЛАЧЕ, ВЕРТОНГЕН МУ БИЛ КРИВ ЗА НЕРЕШЕНИОТ ДУЕЛ.

-  Мурињо го обвини Вертонген за неправедното реми

По нерешениот резултат 1:1 со Тотнем во натпреварот од шестото коло на Премиер лигата, менаџерот на Челси, Жозе Мурињо го критикуваше дефанзивецот на противникот Јан Вертонген.
"Не сметам, дека ремито е фер. Тие беа подобри во првото полувреме, но не толку и освен тоа не успеаја да создадат толку шанси за гол. По паузата на теренот имаше само еден тим. Бевме многу, многу силни до моментот кога судијата направи грешка, која влијаеше на резултатот. Но судијата не е виновен, виновен е играчот (Вертонген), кој направи сцена како Фернандо да влегол во него. За жал, тоа влијаеше на арбитерот. Ако се наоѓав во дисциплинскиот комитет, јас ќе му дадам еден натпревар дисквалификација на дефанзивецот на Тотнем, а Фернандо би го оставил без казна", изјави Мурињо.

ОВЕН: АРСЕНАЛ НЕ Е НА НИВО НА ТОП 4

-  Овен: Составот на Арсенал не е на нивото на топ 4

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен ги сподели своите ставови за перспективите пред Арсенал оваа сезона.
"За Арсенал имам сомнежи. Ми се чинеше, дека тие нема да потрошат ништо ова лето, но на крајот се одлучија на скап трансфер. Гледајќи го нивниот состав, гледам пристоен избор на фудбалери, но не и за ниво топ 4. Арсенал има добри дефанзивци, но ниту еден не беше во можност да се пробие во симболичниот тим на Премиер лигата. Ако требаше да ги одредам ѕвездите на Премиер лигата од играчи на првата шесторка, нема да го вклучам ниту еден фудбалер од Арсенал. Единствено Месут Озил ја има оваа шанса", изјави Овен.

САУТХЕМПТОН ГО ПОБЕДИ СО 2:0 КРИСТАЛ ПАЛАС.

-  Саутхемптон го победи Кристал Палас со два гола за една минута


Тимот на Саутхемптон го надигра со 2:0 на домашен терен Кристал Палас во средба од 6-то коло на Премиер лигата на Англија. "Светците" го нанесоа својот удар во почетокот на второто полувреме со два гола за една минута. Во 48-тата минута аргентинскиот напаѓач со италијански пасош Пабло Освалдо го отвори резултатот, а само една минута потоа Рики Ламберт беше прецизен за 2:0. Со што тоа беше и конечниот резултат на сребата Саутхемптон 2:0 Кристал Палас.


LINEUP

Southampton

  • 31 Boruc
  • 02 Clyne
  • 05 Lovren
  • 06 Fonte
  • 23 Shaw
  • 04 Schneiderlin
  • 08 S Davis Booked (Ward-Prowse - 67' )
  • 12 Wanyama
  • 17 Osvaldo
  • 20 Lallana (Ramirez - 86' )
  • 07 Lambert (Rodriguez - 77' )

Substitutes

  • 01 K Davis
  • 26 Hooiveld
  • 10 Ramirez
  • 16 Ward-Prowse
  • 18 Cork
  • 22 Chambers
  • 09 Rodriguez

Crystal Palace

  • 01 Speroni
  • 02 Ward
  • 03 Mariappa Booked
  • 19 Gabbidon
  • 21 Moxey
  • 08 Dikgacoi
  • 15 Jedinak
  • 46 Bannan (Jerome - 57' )
  • 16 Gayle (Thomas - 58' )
  • 28 Kebe (Phillips - 73' )
  • 29 Chamakh Booked

Substitutes

  • 34 Price
  • 04 Parr
  • 06 Campana
  • 12 O'Keefe
  • 14 Thomas
  • 09 Phillips
  • 30 Jerome
Ref: Atkinson
Att: 30,699

MATCH STATS

Possession38%62%90minsSouthamptonCrystal Palace

Shots

128


On target

30

Corners

82

Fouls

1112
   

ХАЛ ГО ПОБЕДИ ВЕСТ ХЕМ СО 1:0.

-  Пенал го изарадува Хал

Тимот на Хал го победи со 1:0 Вест Хем во натпревар од шестото коло на Премиер лигата. Единствениот гол падна уште во 12-тата минута. Тогаш Роби Брејди беше сопнат во шеснаесетникот од Џои О'Брајан и судијата досуди пенал. Пеналот го изведе самиот Брејди и не згреши. До крајот на првиот дел и двата тима имаа неколку чисти шанси за гол, но двајцата голмани покажаа добри квалитети. Во вториот дел гостите беа поактивниот тим на теренот, но немаа шанса да стигнат барем до израмнување. Во 75-тата минута Вест Хем имаше претензии за пенал, по центрирање на Рикардо Ваш Те топката по погоди во раката на Џејк Ливермор, но судијата не досуди пенал за гостите.


LINEUP

Hull City

  • 01 McGregor
  • 02 Rosenior
  • 03 Figueroa
  • 06 Davies
  • 23 Faye
  • 08 Huddlestone
  • 11 Brady (Meyler - 80' )
  • 14 Livermore
  • 27 Elmohamady
  • 09 Graham Booked (Sagbo - 71' )
  • 24 Aluko (Boyd - 89' )

Substitutes

  • 22 Harper
  • 04 Bruce
  • 15 McShane
  • 07 Meyler
  • 17 Boyd
  • 29 Quinn
  • 20 Sagbo

West Ham United

  • 22 Jaaskelainen
  • 02 Reid
  • 05 Tomkins
  • 08 Rat
  • 17 O'Brien
  • 04 Nolan Booked
  • 07 Jarvis (Vaz Te - 71' )
  • 15 Morrison Booked
  • 16 Noble
  • 21 Diame (Downing - 71' )
  • 11 Maiga (Petric - 59' )

Substitutes

  • 13 Adrian
  • 19 Collins
  • 20 Demel
  • 14 Taylor
  • 23 Downing
  • 12 Vaz Te
  • 30 Petric
Ref: Friend
Att: 24,291

MATCH STATS

Possession60%40%90minsHull CityWest Ham United

Shots

918

On target

25

Corners

66

Fouls

1112

ФУЛАМ ПОРАЗЕН ОД КАРДИФ СО 1:2.

-  Фулам изгуби во 92-тата минута

Тимот на Фулам, допушти непријатно пораз со 1:2 од Кардиф Сити на својот "Крејвен Котиџ". 
Стивен Колкер го откри резултатот за гостите со глава во 12-тата минута на средбата, а Брајан Руиз беше го врати нерешениот резултат со многу убави гол во 45-тата. Загубата беше многу понепријатна, откако дојде во 92-та минута на дуелот по фантастичен удар на резервата на "сините птици" Џордан Матч. 


LINEUP

Fulham

  • 13 Stockdale
  • 05 Hangeland
  • 15 Richardson
  • 27 Riether
  • 35 Amorebieta
  • 07 Sidwell
  • 08 Kasami
  • 11 Kacaniklic (Ruiz - 41' )
  • 28 Parker (Karagounis - 7' )
  • 09 Berbatov Booked
  • 39 Bent (Taarabt - 86' )

Substitutes

  • 38 Etheridge
  • 04 Senderos
  • 22 Zverotic
  • 14 Karagounis
  • 19 Taarabt
  • 10 Ruiz
  • 20 Rodallega

Cardiff City

  • 01 Marshall
  • 03 Taylor
  • 04 Caulker
  • 06 Turner
  • 28 Theophile-Catherine Booked
  • 07 Whittingham
  • 08 Medel
  • 13 Kim Bo-Kyung (Mutch - 56' )
  • 17 Gunnarsson
  • 10 Campbell (Maynard - 72' )
  • 11 Odemwingie (Bellamy - 81' )

Substitutes

  • 32 Lewis
  • 05 Hudson
  • 16 Noone
  • 18 Mutch
  • 19 Cowie
  • 23 Maynard
  • 39 Bellamy
Ref: Pawson
Att: 23,020

MATCH STATS

Possession51%49%90minsFulhamCardiff City

Shots

922

On target

54

Corners

1110

Fouls

1413