- Стариџ: Не постигнав погодок намерно со рака
По натпреварот, Стариџ ја објасни ситуацијата пред "Sky Sports" на следниов начин:
"Беше прекрасно центрирање на Стиви и очигледно се обидов да ја ударам топката со глава, но изгледа мојата игра со глава не е многу добра. Ја помашив топката и таа се удри во мојата рака, но не го направив намерно. Понекогаш се случуваат такви нешта ".
"Натпреварот беше многу тежок. Не мислам дека игравме толку добро колку што можевме во првиот дел, но водевме со 2:0. Потоа малку се опуштивме во второто полувреме. Одлично е, што Луис се врати и ни дава повеќе можности во нападот. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и почнуваме да формираме добро партнерство".

No comments:
Post a Comment