- Тренер: Насила му дававме протеини на Де Геа
Поранешниот тренер на голманите во Манчестер Јунајтед, Ерик Стил си дозволи да упати критики кон голманот на "црвените ѓаволи" Давид Де Геа, кој во почетокот на кариерата на "Олд Трафорд" не се претставуваше по најдобариот можен начин.
"Тој имаше проблеми со начинот на живот. Спиеше по 2-3 пати на ден и многу јадеше пред спиење. Освен тоа премногу често јадеше сендвичи. Го теравме насила да прима протеини на тренинзите. Го теравме исто така повеќе да работи во салата за фитнес, а тој го мразеше тоа нешто. Во Шпанија не се посветува големо внимание во оваа област и во почетокот имавме проблеми со него. Беше многу важно да ја зголеми својата физика. Еден од проблемите му беше тоа, што тежеше само 71 килограми. Работевме и на теренот, и надвор од него, за да биде тој посилен", изјави Стил.

No comments:
Post a Comment