- Овен: Составот на Арсенал не е на нивото на топ 4
Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен ги сподели своите ставови за перспективите пред Арсенал оваа сезона.
"За Арсенал имам сомнежи. Ми се чинеше, дека тие нема да потрошат ништо ова лето, но на крајот се одлучија на скап трансфер. Гледајќи го нивниот состав, гледам пристоен избор на фудбалери, но не и за ниво топ 4. Арсенал има добри дефанзивци, но ниту еден не беше во можност да се пробие во симболичниот тим на Премиер лигата. Ако требаше да ги одредам ѕвездите на Премиер лигата од играчи на првата шесторка, нема да го вклучам ниту еден фудбалер од Арсенал. Единствено Месут Озил ја има оваа шанса", изјави Овен.

No comments:
Post a Comment