- Леива: Суарез докажа дека е верен на Ливерпул
Фудбалерот на Ливерпул Лукас Леива изрази радоста по повод враќањето во тимот на напаѓачот Луис Суарез.
"Суарез повторно докажа колку е добар. Тоа е фудбалер од светска класа и е многу важно да имаш сличен играч во тимот, ако сакаш да се бориш за трофеи. Се надевам дека како и минатата сезона тој ќе има фантастична сезона. Ситуацијата околу него ги вознемири сите, но јас многу се радувам што тој останува кај нас. Луис со својата игра покажа, дека е вистински оддаден на својот клуб. Тој сака да му помогне на Ливерпул, а ние пак ќе се обидеме да им помогнеме на Луис. Видовте колку добро комуницираат со Стариџ. Двајцата немаа многу време да се уиграат, но нивното разбирање на теренот е неверојатно, тие двајцата ќе станат се подобри", изјави Леива.

No comments:
Post a Comment