- Мурињо: За прв пат од почетокот на сезоната игравме солидно
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо ја коментира победата на својот тим во натпреварот од 12-то коло на Премиер лигата против Вест Хем.
"Не треба да кажувам, дека тотално ги контролиравме случувањата на теренот, но изгледавме многу солидно. Но, пак, треба да нагласам, дека за прв пат од почетокот на сезоната го одигравме солидно целиот дуел, од првата до последната минута изгледавме добро. Евентуалното исеклучување на Јаскелајнен ? Разговарав со Крис Фој и тој ми кажа, дека таму немало црвен картон. Му верувам, бидејќи тој се наоѓаше на 10 метри од она што се случило.
За 11 дена имав само четири фудбалери на располагање, Бертран, Аспиликуета, Тери и Ба. Сите останати беа со национални тимови. Единствено можев да ги гледам моите фудбалери на телевизија. Незнам како тренирале, како одмарале. Не знам ништо. Во Ноември и Декември програмата е многу претоварена и не треба да исчезнуваат за толку долг период", изјави Мурињо.

No comments:
Post a Comment