- Почетино: Треба да останеме концентрирани
Тренерот на Саутхемптон, Маурисио Почетино по победата во натпреварот од шестото коло во Премиер лигата против Крисал Палас со 2:0 изјави, дека играчите имаат потреба од целосна концентрација, ако сакаат да останат на врвот во табелата.
"Верувам во своите момци. Сезоната е многу долга, но најважно е заемната доверба меѓу тимот и менаџерот. Неопходно е да работиме уште повеќе и да се стремиме кон победата во секој натпревар. Можеби понатаму ќе станува потешко, бидејќи сега нашите противници ќе гледаат во Саутхемптон огромна закана и бидат повнимателно кон нас. Сум бил фудбалер и знам дека вртоглавица од локалните успеси е недопустлива. Главите треба да ни останат ладни. Засега е неопходно да останеме концентрирани, ако сакаме да го задржиме постигнатото", изјави Почетино.

No comments:
Post a Comment