Monday, 30 September 2013

БЈУТНЕР: ВО ЈУНАЈТЕД НЕМА КРИЗА

-  Бјутнер: Не мислам дека ова е криза

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Александер Бјутнер одби да признае, дека неговиот тим се наоѓа во криза.
"Не сметам дека, тоа е криза. Се разбира, публиката сака да види од тимот како победува, играчите го сакаме истото. Загубивме неколку натпревари, а кога губиме, нема и како да бидеме среќни. Но сезоната само што започна и ние се уште може да постигнеме повеќе победи. Треба да има доверба кон играчите и останатите во тимот. Сметам, дека во нашиот тим има потенцијал и убеден сум, дека наскоро ќе почнеме да победуваме".
"Нема сомнение дека ова е многу непријатна загуба, бидејќи не игравме лошо против Ливерпул и ги елиминиравме, а потоа отстапивме пред ВБА. Сите беа многу вознемирени. Мислам дека испуштивме премногу голови, а противникот максимално ги искористи шансите за гол. Ни беше тешко да постигнеме погодок, бидејќи противникот се прибра во одбрана и сите единаесет играчи го бранеа својот гол. Тоа не беше лесен натпревар, но сега треба да се обрне внимание на следниот дуел", изјави Бјутнер.

No comments:

Post a Comment