Monday, 30 September 2013

МУРИЊО СЕ НАДЕВА НА НОВ ДОГОВОР ЗА ТЕРИ.

-  Мурињо: Тери ќе издејствува нов договор

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо е убеден дека дефанзивецот Џон Тери ќе издејствува нов договор со клубот.
"Мислам дека Тери има иднина со начинот на кој игра. Тој може да има иднина тука или во Кина, или каде ќе одлучи да ја продолжи кариерата. Тој треба да работи сериозно, за да ја одржува добрата форма и да ги нема истите проблеми, каои ги имаше во последните години. Џон е добар играч, а најдобрите играчи немаат проблеми со нивните договори. Мислам, дека фактот, што тој знае, дека го сакам исто има значење. Јас му имам целосна доверба, а тоа е важно за него. Тој знае дека ако го оставам надвор од составот, тоа е за негово добро и така не е под притисок, како порано. Во физичкиот однос работиме одлично со него. Мислам дека тој е во одлична кондиција во моментов ", изјави Мурињо.

No comments:

Post a Comment