- Вилаш-Боаш: Резултатот е фер
Менаџерот на Тотнем, Андре Вилаш-Боаш го коментира исходот од натпреварот од шестото коло на Премиер лигата против Челси.
"Мислам дека ова е фер резултат. Во второто полувреме не игравме толку добро како што сакавме. Противникот постигна погодок од статична ситуација. И двата тима ги имаа свои шанси за гол, но резултатот е на семафорот. Пред паузата можеше да водиме со 2:0, тогаш натпреварот ќе беше решен. Овој резултат е повеќе во корист на Челси отколку на нас", рече Вилаш-Боаш.

No comments:
Post a Comment