Monday, 30 September 2013

ВЕНГЕР: ГИ ИСКОРИСТИВМЕ ШАНСИТЕ И СТИГНАВМЕ ДО ПОБЕДА.

-  Венгер: Ги искористивме шансите

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави, дека неговиот тим ги искористил  своите шанси во победата против Свонси.
"Нема ништо подобро од тоа да победуваш. Првото полувреме беше многу тешко, нашите комбинации беа премногу бавни, а Свонси делуваше поостро во напад. Се зависеше од тоа кој ќе биде трпелив и кој ќе дозволи грешка. По паузата можеше да се види вистинското лице на тимот. Ние го завршивме натпреварот со потребниот резултат за нас и тоа е најважно".
"Знак за класата на еден тим се состои во тоа, кога тимот ги добие своите ситуации, тој ги искористиува. Денес ние ги искористивме. Нашиот дух беше подложен на тест по првиот меч во сезоната, но ние се стремевме и сакавме да станеме подобри. Ајде да се фокусираме на тоа", изјави Венгер.

No comments:

Post a Comment