- Франки Лампард: Оваа година ја сакаме титулата
Ја сакаме титулата, кратко и јасно изјави Френк Лампард по успехот на Челси со 3:0 над Вест Хем.
"Беше многу важно да се вратиме на патот на победата по меѓународните натпревари. Направивме неколку резултати, кои се закануваа да не извадат од битката за титулата. Затоа, денешната победата е толку важна. Ги имаме потребните квалитети да сме шампиони, но последните неколку средби покажавме какви не сакаме да бидеме. Не сакаме да сме тој непостојан тим кој сме во последните 2-3 години. Уште треба да ја подобриме играта, но ако успееме да го пронајдеме тоа постојанство, тогаш ќе сме многу посилни. Тоа се прави Недела по Недела. Оваа година ја сакаме титулата. Имам такви моменти во мојата кариера, кога не постигнувам голови, но останувам со високо крената глава. Причината е што во последните средби играв поназад, а и пропуштив неколку шанси, кои обично очекувам да ги реализирам. Не ми е така лесно да постигнувам по 20 гола на сезона како порано, но сеуште ме бидува да постигнувам важни голови и да гледам како пред моите очи се развиваат играчи како Азар, Оскар, Мата. Тие се одлични играчи и се радувам, што сум дел од овој тим", изјави Лампард пред "Sky Sports".

No comments:
Post a Comment