- Брендон Роџерс: Влегувањето на Миралас беше за црвен картон
Брендон Роџерс остана бесен од грубото влегување на Кевин Миралас во коленото на Луис Суарез и обвини судијата во Англија во различен критериум при покажувањето на картони.
"Миралас требаше да биде исклучен. Ќе беше интересно, ако Луис Суарез направеше таков прекршок. Ова беше многу, многу губо влегување. Такви влегувања ја загрозуваат кариерата и тоа беше црвен картон. Кога гостуваш на градски ривал, важно е да не загубиш. Евертон игра многу силно дома и моравме да покажеме желба и карактер. Го сторивме тоа. И денес пак покажавме, дека можеме да постигнуваме погодоци . Генерално сум задоволен од карактерот, кој играчите го покажаа и зедоа убав бод како гости. Има уште еден куп натпревари, но најважно е што кај нас го има чувството за напредок", изјави Роџерс за "BT Sport".

No comments:
Post a Comment