CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 30 September 2013

МОЈС ПРИЗНА ДЕКА ЈУНАЈТЕД БЕШЕ "ДРВО" ПРОТИВ ВБА

-  Мојс: Не игравме добро

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс раскажа за причините за поразот во натпреварот од шестото коло на Премиер лигата против ВБА.
"Денес не покажавме добра игра ниту во нападот, ниту во одбраната. Во првото полувреме многу ја поседувавме топката, но од тоа не успеавме да извлечеме никаква предност. Имавме две опасни ситуации, но тимот не успеа да постигне гол. Не се грижам за реакциите на навивачите, тие беа прекрасни. Се разбира, навивачите сакаа да видат друга игра, но не се претставивме добро. Во второто полувреме исто така не успеавме да ја поправиме играта".
"Секогаш ќе има лоши резултати. Прашањето е како ќе се справиме со нив. Пред нас има уште многу средби", изјави Мојс.

No comments:

Post a Comment