- Рамзи ја посакува титулата
Арон Рамзи ја посакува титулата, откако му помогна на Арсенал да го заземе првото место на табелата во Висашата лигата.
"Дефинитивно целта ни е да се бориме за титулата. Во тимот имаме доволно квалитет. Покрај повредите на важни играчи успеавме да постигнеме неколку добри победи и сега кога соиграчи ќе се вратат ќе станеме уште подобри. На теренот на Свонси се игра тешко, но ние си додававме добро. Целта ни беше да работиме солидно и да не допуштиме брз гол, а по паузата ги искористивме ситуациите кои ги имавме. Успеавме да ги повлечеме во нашата половина и потоа ги фативме на контранапади".
"Мислам, дека во текот на целата кариера излегував на добри позиции, но можеби малку избрзував и не бев прецизен пред голот. Сега сум многу поуверен, ги преценувам подобро ситуациите и се е како што треба", изјави Рамзи.

No comments:
Post a Comment