- Мурињо го обвини Вертонген за неправедното реми
По нерешениот резултат 1:1 со Тотнем во натпреварот од шестото коло на Премиер лигата, менаџерот на Челси, Жозе Мурињо го критикуваше дефанзивецот на противникот Јан Вертонген.
"Не сметам, дека ремито е фер. Тие беа подобри во првото полувреме, но не толку и освен тоа не успеаја да создадат толку шанси за гол. По паузата на теренот имаше само еден тим. Бевме многу, многу силни до моментот кога судијата направи грешка, која влијаеше на резултатот. Но судијата не е виновен, виновен е играчот (Вертонген), кој направи сцена како Фернандо да влегол во него. За жал, тоа влијаеше на арбитерот. Ако се наоѓав во дисциплинскиот комитет, јас ќе му дадам еден натпревар дисквалификација на дефанзивецот на Тотнем, а Фернандо би го оставил без казна", изјави Мурињо.

No comments:
Post a Comment