Monday, 30 September 2013

ТОРЕС МОЖЕ ДА БИДЕ КАЗНЕТ СО ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ

-  Торес може да биде казнет за четири натпревари

Напаѓачот на Челси, Фернандо Торес може да биде дисквалификуван за четири натпревари.
Денес стана јасно дека главниот судија на натпреварот Мајк Дин ќе мора да даде објаснувања пред Фудбалската асоцијација за оваа епизода. Ако се разјасни, дека инцидентот се лизнал од вниманието на судијата, записите од ситуацијата ќе бидат разгледани од независна комисија.
Во случај, ако прекршокот биде определен за заслужен црвен картон, Торес ќе биде казнет со дополнителна дисквалификација од три натпревари. Ако тоа се случи, напаѓачот нема да може да игра против Норич, Кардиф и Манчестер Сити во Премиер лигата, како и против Арсенал во Лига Купот.

No comments:

Post a Comment