- Пелегрини: Заслуживме повеќе
Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелгрини го сподели своето мислење за негативниот резултатот 2:3 во средбата со Астон Вила од шестото коло во Премиер лигата.
"Игравме добро и ја заслуживме победата, но успеавме за пет минути да го изгубиме сето добро, што го направивме во овој натпревар. Едноставно е неверојатно, како отстапивме. Два пати поведувавме и го контролиравме текот на натпреварот. Мора да го сочуваме мирот и трпението. Уживав во начинот на игра. Пак повторувам, екипата заслужуваше повеќе", изјави Пелегрини.

No comments:
Post a Comment