Monday, 30 September 2013

МУРИЊО ЗАДОВОЛЕН ОД МАТА.

-  Мурињо: Мата ќе игра против Стеауа

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо остана задоволен од играта на халфот Хуан Мата во средбата од шестото коло во Премиер лигата со Тотнем.
"Токму на тој начин играчите треба да ми покажуваат дека тие сакаат да бидат во мојот тим. Како тренер понекогаш правам грешки, но јас се базирам на она што го гледам на тренинзите и во натпреварот. Ми се допадна на каков начин играше Мата против Свиндон, поради тоа го вклучив за средбата со Тотнем. Сега останав задоволен од она што го видов за 45 минути. Среќен сум кога Мата игра на овој начин. Отсега можам да кажам дека Хуан ќе игра со Стеауа во Лигата на Шампиони. Тој ја заслужи оваа шанса. Сакам моите фудбалери да ми покажуваат дека сакаат да играат во мојот тим. Мата го направи тоа", изјави Мурињо.

No comments:

Post a Comment