Monday, 30 September 2013

ДЕРБИ КАУНТИ ГО ОТПУШТИ МЕНАЏЕРОТ КЛАФ.

-  Дерби Каунти го ослободи тренерот

Поранешниот англиски репрезентативец, Најџел Клаф беше отпуштен од менаџерскиот пост на Дерби Каунти после поразот со 0:1 од регионалниот ривал Нотингем Форест во средба од Чемпионшоп дивизијата.
47-годишниот стратег, чиј татко Брајан го изведе Форест до титули во 70-тите години, доживеа трето пораз во последните девет дена на чело на Дерби Каунти.
"По долга дискусија бордот на директори одлучи дека е време Дерби да помине на следното ниво, да се заврши во горната половина на табелата во оваа сезона. Ја искористуваме можноста да му се заблагодарам на Клаф, како и да му посакаме успех во менаџерски кариера", соопштија од клубот.
Според медиумите на Островот, фаворит за испразнетиот пост е ослободениот тренер од Стоук Сити, Тони Пјулис.

No comments:

Post a Comment