CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 15 October 2013

ЗАХА САКА ДА ОДИ НА ПОЗАЈМИЦА.

-  Заха инсистира да биде даден на позајмица

Младата надеж на Манчестер Јунајтед, Вилфред Заха е во потрага по тим, во кој да премине на позајмица во Јануари, сообштува The Daily Telegraph. Напаѓачот премина кај "црвените ѓаволи" од Кристал Палас во почетокот на 2013 година, но сé уште чека деби со тимот во Премиер лигата. Недостатокот на доволно време за ира го поттикнува англискиот фудбалер да инсистира пред раководството на клубот да биде даден на позајмица до крајот на сезоната.
Според познавачите, тренерскиот штаб на Манчестер Јунајтед нема ништо против да го испрати Заха во друг тим, во кој ќе добие повеќе можности за игра. Кон напаѓачот има интерес од неколку екипи од Премиер лигата, но враќање во Кристал Палас во оваа фаза не се разгледува.

Monday, 14 October 2013

КАРЛТОН КОЛ ПОВТОРНО ВО ВЕСТ ХЕМ.

-  Карлтон Кол се врати во Вест Хем

Карлтон Кол се врати во Вест Хем, откако денеска потпиша тримесечен договор. 30-годишниот напаѓач ги напушти "чеканите" во текот на летото, потоа преговараше со неколку клубови, но на крајот на успеа да реализира трансфер. Кол продолжи да тренира со Вест Хем и откако ја подобрил физичка форма, потпишал тримесечен договор, кој може да биде продолжен во Јануари. Напаѓачот ќе биде на располагање на Сем Алардајс за саботниот дуел против Манчестер Сити. Карлтон Кол го облече дресот на Вест Хем за прв пат во 2006 година, при што има 237 натпревар и 59 гола за "чеканите".

ВИЛШИР НАПРАВИ НОВ СКАНДАЛ.

-  Џак Вилшир со нов гаф

Халфот на Арсенал, Џак Вилшир се вмеша во нов скандал. Само една недела откако се појавија негови фотографии со цигара во рака, а потоа неговите коментари за странците во националните тимови на Англија, кои беа сериозно критикуван од општеството, сега талентираниот фудбалер беше снимен во друга непријатна поза. Младиот играч од средниот ред беше фатен од телевизиските камери да се олеснува за време на тренингот на англиската репрезентација . Тоа се случи при живото вклучување на репортерот на "Скај Спортс" од базата на репрезентативците. Новинарот требаше да земе интервју од еден од помошниците на Рој Хоџсон, Реј Парлур , но неговото вклучување доби популарност со "настапот" на Вилшир во позадина. Фудбалерот на Арсенал размени неколку шеги со својот колега од Ливерпул, Рахим Стерлинг, по што се оддели од првиот состав и застана зад еден од стјуардите крај теренот и се олесни.

КАСОРЛА: РЕАЛ ЗГРЕШИ СО ОЗИЛ, ТОЈ Е ФАНТАСТИЧЕН.

-  Касорла: Озил е генијален, Реал сигурно жали

Санти Касорла верува дека привлекувањето на Месут Озил е одличен договор за Арсенал. Касорла во моментов е повреден, но смета дека Озил е лекот, што му треба на Арсенал за тимот да биде повторно конкурентен за трофеи.
"Озил е одлично засилување за Арсенал. Тој е играч кој пристигнува со чудесната репутација и огромна желба да постигнува успеси. Тој е еден поинаков играч допрен од генијалноста".
"Претседателот на Реал има направено многу одлични работи за клубот и донел големи играчи. Сигурно ќе има луѓе кои ќе жалат за разделбата со Озил, но сигурно во Реал си имаат свои причини за да го продадат", изјави Касорла пред "АС".

ЈОВЕТИЌ ЗАДОВОЛЕН ОД ТРАНСФЕРОТ ВО СИТИ.

-  Јо-Јо не жали за трансферот во Сити

Стеван Јоветиќ не жали, што направи трансфер во Англија. Црногорецот признава дека не е во добра физичка состојба и тоа му пречи да игра почесто за новиот тим Манчестер Сити.
"Стигнав во Сити назад со физичката форма, па знаев дека треба да ја подобрам формата. Потоа пак се повредив со националниот тим и изгубив уште време".
"Против Англија докажав, дека сум во добра форма и сега треба само да играм редовно, за да ја достигнам најдобрата форма. Не сум загрижен", објаснува Јоветиќ за "Тутоспорт".

СОПСТВЕНИКОТ НА ФУЛАМ СО ПОДДРШКА ЗА ЈОЛ.

-  Сопственикот на Фулам го поддржа Јол

Новиот сопственик на Фулам, Шахид Кан го поддржа менаџерот Мартин Јол, чиј стол сериозно се клати. Иднината на холанѓанецот на "Крејвен котиџ" е неизвесна поради слабиот старт на сезоната во Премиер лигата.
"Мартин е многу искусен тренер. Тој е добар човек. Направивме старт, од кој никој не е задоволен, независно дали го сакаш Јол, или не. Сакаме да сме подобри, но јас не сум човек кој делува импулсивно. Животот те учи на корисни лекции. Сакам Фулам да биде успешен клуб. Не можеш да скокнеш од тавата директно во огнот".
"Испаѓањето е една страшна мисла. Треба да се има предвид, дека поминаа само 7 натпревари. Не може да се прават заклучоци. Има уште 31 натпревара, нема како да бидеш сигурен отсега", изјави Кан пред "Дејли мејл". 


УЛИЦА КОЈА ВОДИ ДО ОЛД ТРАФОРД ЌЕ НОСИ ИМЕ НА СЕР АЛЕКС.

-  Улица до "Олд Трафорд" ќе го носи името на Сер Алекс

Улица, која се наоѓа во близина на стадионот "Олд Трафорд" во Манчестер, ќе го носи името на поранешниот менаџер на "црвените ѓаволи", Алекс Фергусон.
Шкотскиот стручњак го раководеше Манчестер Јунајтед во последните 27 години и освои со клубот 13 титули во Англија. Во моментов 71-годишниот Сер Алекс е почесен директор во англискиот шампион.
"Дел од областа околу "Олд Трафорд" ќе носи моето име, тоа е навистина неверојатно", изјави Фергусон.
Улица, која води до стадионот "Олд Трафорд", веќе е крстена на друг поранешен легендарен менаџер на Јунајтед, Мат Бизби.

ПАРДЈУ СО КРИТИКИ ДО СОПСТВЕНИКОТ НА ЊУКАСЛ.

-  Пардју: Ашли не е секогаш во право

Менаџерот на Њукасл, Алан Пардју ги стави под сомнение некои одлуки на сопственикот на својот клуб Мајк Ашли.
Оваа нестабилност многумина ја поврзуваат со персоната на сопственикот на клубот Мајк Ашли, чија последна контроверзна одлука е назначувањето на Џо Киниер за спортски директор на Њукасл. За возврат Пардју не ги негираше квалитетите на шефот, но и признава дека тој не е безгрешен.
"Мајк е силна личност, која постигнува успех во бизнисот многу години, во текот на целиот свој живот. Во овој план тој е гениј, но кога станува збор за фудбалот, логиката не функционира. Тој го сака овој спорт, но понекогаш не може да разбере како тоа функционира. Понекогаш е збунет и вознемирен, а кога е во оваа состојба прави работи кои не се големи за фудбалскиот клуб. Едноставно таков е Мајк. Инвестира во клубот и направи така, ние да немаме никакви долгови. Ме поддржува многу, но до моментот, кога кај нас не се појави милијардер од Русија, ние најверојатно нема да може да се конкурираме со Манчестер Јунајтед, Сити и Челси", изјави Пардју.

ТОТНЕМ МУ ГО ПРЕДЛАГА НОВ ДОГОВОР НА ТАУНЗЕНД.

-  Тотнем ja крева повеќе од двапати платата на Таунзенд

Тотнем ги усогласува условите на новиот договор со халфот Андрос Таунзенд. Според условите на новиот договор, 22 -годишниот фудбалер, кој се истакна во натпреварот на националниот тим на Англија против Црна Гора, ќе добива 15 000 фунти неделно наместо досегашните 6 000. Освен тоа, во договорот ќе бидат внесени бонуси за успешното претставување.
Во 2011 година "Спарс" беа блиску до тоа да продадат Таунзенд на Милвол за 500 000 фунти, но тогаш договорот пропадна во последен момент.
Од почетокот на сегашната сезона, фудбалерот има шест натпревари, во кои тој реализира една асистенција.

МОЈС САКА ДА ГО ЗАДРЖИ ЈАНУЗАЈ.

-  Мојс: Oпкружувањето му влијае на Jaнузаj

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс ги коментира информациите за евентуалното заминување на талентираниот фудбалер Аднан Jaнузаj.
"Аднан сака да остане, но неговото опкружување има некакво влијание. Ние сериозно сметаме на него. Тој е играч на Манчестер Јунајтед и се надевам да продолжи да биде. Сметаме, дека тука е најдобро место за развој и им даваме шанса на младите фудбалери. Од моја гледна точка, ние го правиме тоа подобро од сите други. Во моите обврски влегува исто така придвижувањето на младите во првиот тим и Јанузај веќе се проби таму. Сега треба да стане стабилен играч од првиот состав", изјави Мојс.



ОВЕРМАРС: ТРАНСФЕРОТ НА РВП ВО ЈУНАЈТЕД Е ДОБАР ЗА СИТЕ.

-  Овермарс: Трансферот на Ван Перси во Јунајтед е добра зделка за сите

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Марк Овермарс смета, дека преминот на напаѓачот Робин ван Перси во Манчестер Јунајтед е добра зделка за сите страни во овој случај.
"Не мислев дека тој ќе стане напаѓач. Претпоставував дека ќе биде полудефанзивец, но шефот, Арсен Венгер, заврши многу добра работата. Во тоа време, тој купи неколку млади неверојатни фудбалери, а Ван Перси му чинеше само 1,5 милиони фунти " 
"Кога тој премина во Арсенал и доби можност да се учи од Денис Бергкамп, тоа се покажа извонредна можност за него. Трансферот во Манчестер Јунајтед е ист. Тој заслужува почит заради тоа нешто. Играше за Арсенал шест години. Играше и беше корисен, а клубот оствари извонреден трансфер, поради тоа сите страни треба да се задоволни", изјави Овермарс за Absolute Radio.


ОБЕРТАН МОЖЕ ВО ЈАНУАРИ ДА ГО НАПУШТИ ЊУКАСЛ.

-  Обертан размислува да го напушти Њукасл

Фудбалерот на Њукасл, Габриел Обертан изрази подготвеност да го смени клубот за време на зимската трансф прозорец. Според Обертан, кој неодамна се излечи од повреда, тој е подготвен да го напушти "Сент Џејмс Парк", ако ситуацијата не се промени во позитивна насока.
"Се е можно. Ајде да видиме што ќе се случи во Декември и тогаш ќе  ги разгледам сите опции, кои би биле корисни за мене и за клубот. Јасно е, дека јас повеќе не можам да седам на клупата и да не излегувам на теренот. Се разбира, не смее да се изгуби концентрација, бидејќи никогаш не знаеш кога ќе ти се даде шанса", изјави Обертан.

ПИРЕС: АРСЕНАЛ ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ТРОШИ ЗА ТРАНСФЕРИ

-  Пирес: Арсенал мора да продолжи да троши


Поранешниот фудбалер на Арсенал, Роберт Пирес го повика клубот да продолжи да троши пари за засилување на составот.
"Ако  гипогледнете сите успешни клубови, кои имаат освоено титули и трофеи, тие секогаш купуваат играчи откако постигнале успеси. Во моментов нема никакви сомневања, дека Арсенал е во подем. Играат фудбал многу близок до оној од моето време. И, се разбира, Озил е играч од светска класа. Се чини, дека сега во Арсенал има нова финансиска филозофија. Арсен може да троши пари и тоа повеќе отколку порано. Убеден сум, дека тој ќе го подобри тимот, кога ќе ја добие оваа можност", изјави Пирес.

СТАРИЏ СО КОМПЛИМЕНТИ ЗА СУАРЕЗ И ЛИВЕРПУЛ.

-  Стариџ: Со Суарез се игра лесно

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ повторно призна, дека се разбира одлична со својот соиграч во нападот Луис Суарез.
"Суарез е одличен човек. Помеѓу мене и него има хемија на теренот. Се разбираме многу добро. Лесно е, кога имаш некој како него, кој да ти помага да постигнуваш погодоци. Освен тоа во Ливерпул имаме и играчи како Стивен Џерард и Виктор Моузес, кои исто така се многу корисни во напад. Се надевам, дека ќе продолжиме со добрите игри кои ги покажуваме досега", изјави Стариџ.
Напаѓачот верува, дека менаџерот Брендон Роџерс има изградено во тимот менталитет на победници.
"Нема тензија, но има силна желба за успех и секој во клубот сака да помогне Ливерпул да се врати на врвот, каде што беше во минатото. Тоа зависи од нас. Не сме задоволни да сме втор или трет. Важно е да имаш менталитет на победник", вели Дани Стариџ.


BOURNEMOUTH, YEOVIL.

-  ТРАНСФЕРИ-ЧАМПИОНШИП ДИВИЗИЈА

AFC Bournemouth 

Matt Tubbs Rotherham UnitedRotherham-
Jayden Stockley Leyton OrientLeyton-
Elliott WardNorwich CityNorwichfree transfer
Ian HarteFC ReadingReadingfree transfer
Mohamed CoulibalyGrasshopper Club ZürichGrasshoppers?
Andrew Surman Norwich CityNorwich?
Tokelo RantieMalmö FFMalmö FF4.000.000 €
Stephen Henderson West Ham UnitedWest Hamfree transfer
Shwan Jalal Oxford UnitedOxford Utd-
Aristede Bassele Dorchester TownDorchester-
Jack Collison West Ham UnitedWest Hamfree transfer
Bailey Cargill Welling UnitedWelling-
Frank Demouge Roda JC KerkradeRoda JC-