- Јо-Јо не жали за трансферот во Сити
Стеван Јоветиќ не жали, што направи трансфер во Англија. Црногорецот признава дека не е во добра физичка состојба и тоа му пречи да игра почесто за новиот тим Манчестер Сити.
"Стигнав во Сити назад со физичката форма, па знаев дека треба да ја подобрам формата. Потоа пак се повредив со националниот тим и изгубив уште време".
"Против Англија докажав, дека сум во добра форма и сега треба само да играм редовно, за да ја достигнам најдобрата форма. Не сум загрижен", објаснува Јоветиќ за "Тутоспорт".

No comments:
Post a Comment