- Сопственикот на Фулам го поддржа Јол
Новиот сопственик на Фулам, Шахид Кан го поддржа менаџерот Мартин Јол, чиј стол сериозно се клати. Иднината на холанѓанецот на "Крејвен котиџ" е неизвесна поради слабиот старт на сезоната во Премиер лигата.
"Мартин е многу искусен тренер. Тој е добар човек. Направивме старт, од кој никој не е задоволен, независно дали го сакаш Јол, или не. Сакаме да сме подобри, но јас не сум човек кој делува импулсивно. Животот те учи на корисни лекции. Сакам Фулам да биде успешен клуб. Не можеш да скокнеш од тавата директно во огнот".
"Испаѓањето е една страшна мисла. Треба да се има предвид, дека поминаа само 7 натпревари. Не може да се прават заклучоци. Има уште 31 натпревара, нема како да бидеш сигурен отсега", изјави Кан пред "Дејли мејл".

No comments:
Post a Comment