- Стариџ: Со Суарез се игра лесно
Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ повторно призна, дека се разбира одлична со својот соиграч во нападот Луис Суарез.
"Суарез е одличен човек. Помеѓу мене и него има хемија на теренот. Се разбираме многу добро. Лесно е, кога имаш некој како него, кој да ти помага да постигнуваш погодоци. Освен тоа во Ливерпул имаме и играчи како Стивен Џерард и Виктор Моузес, кои исто така се многу корисни во напад. Се надевам, дека ќе продолжиме со добрите игри кои ги покажуваме досега", изјави Стариџ.
Напаѓачот верува, дека менаџерот Брендон Роџерс има изградено во тимот менталитет на победници.
"Нема тензија, но има силна желба за успех и секој во клубот сака да помогне Ливерпул да се врати на врвот, каде што беше во минатото. Тоа зависи од нас. Не сме задоволни да сме втор или трет. Важно е да имаш менталитет на победник", вели Дани Стариџ.

No comments:
Post a Comment