CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 14 October 2013

КАРЛТОН КОЛ ПОВТОРНО ВО ВЕСТ ХЕМ.

-  Карлтон Кол се врати во Вест Хем

Карлтон Кол се врати во Вест Хем, откако денеска потпиша тримесечен договор. 30-годишниот напаѓач ги напушти "чеканите" во текот на летото, потоа преговараше со неколку клубови, но на крајот на успеа да реализира трансфер. Кол продолжи да тренира со Вест Хем и откако ја подобрил физичка форма, потпишал тримесечен договор, кој може да биде продолжен во Јануари. Напаѓачот ќе биде на располагање на Сем Алардајс за саботниот дуел против Манчестер Сити. Карлтон Кол го облече дресот на Вест Хем за прв пат во 2006 година, при што има 237 натпревар и 59 гола за "чеканите".

No comments:

Post a Comment