- Пардју: Ашли не е секогаш во право
Менаџерот на Њукасл, Алан Пардју ги стави под сомнение некои одлуки на сопственикот на својот клуб Мајк Ашли.
Оваа нестабилност многумина ја поврзуваат со персоната на сопственикот на клубот Мајк Ашли, чија последна контроверзна одлука е назначувањето на Џо Киниер за спортски директор на Њукасл. За возврат Пардју не ги негираше квалитетите на шефот, но и признава дека тој не е безгрешен.
"Мајк е силна личност, која постигнува успех во бизнисот многу години, во текот на целиот свој живот. Во овој план тој е гениј, но кога станува збор за фудбалот, логиката не функционира. Тој го сака овој спорт, но понекогаш не може да разбере како тоа функционира. Понекогаш е збунет и вознемирен, а кога е во оваа состојба прави работи кои не се големи за фудбалскиот клуб. Едноставно таков е Мајк. Инвестира во клубот и направи така, ние да немаме никакви долгови. Ме поддржува многу, но до моментот, кога кај нас не се појави милијардер од Русија, ние најверојатно нема да може да се конкурираме со Манчестер Јунајтед, Сити и Челси", изјави Пардју.

No comments:
Post a Comment