- Тотнем ja крева повеќе од двапати платата на Таунзенд
Тотнем ги усогласува условите на новиот договор со халфот Андрос Таунзенд. Според условите на новиот договор, 22 -годишниот фудбалер, кој се истакна во натпреварот на националниот тим на Англија против Црна Гора, ќе добива 15 000 фунти неделно наместо досегашните 6 000. Освен тоа, во договорот ќе бидат внесени бонуси за успешното претставување.
Во 2011 година "Спарс" беа блиску до тоа да продадат Таунзенд на Милвол за 500 000 фунти, но тогаш договорот пропадна во последен момент.
Од почетокот на сегашната сезона, фудбалерот има шест натпревари, во кои тој реализира една асистенција.

No comments:
Post a Comment