- Пирес: Арсенал мора да продолжи да троши
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Роберт Пирес го повика клубот да продолжи да троши пари за засилување на составот.
"Ако гипогледнете сите успешни клубови, кои имаат освоено титули и трофеи, тие секогаш купуваат играчи откако постигнале успеси. Во моментов нема никакви сомневања, дека Арсенал е во подем. Играат фудбал многу близок до оној од моето време. И, се разбира, Озил е играч од светска класа. Се чини, дека сега во Арсенал има нова финансиска филозофија. Арсен може да троши пари и тоа повеќе отколку порано. Убеден сум, дека тој ќе го подобри тимот, кога ќе ја добие оваа можност", изјави Пирес.

No comments:
Post a Comment