CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 14 October 2013

ВИЛШИР НАПРАВИ НОВ СКАНДАЛ.

-  Џак Вилшир со нов гаф

Халфот на Арсенал, Џак Вилшир се вмеша во нов скандал. Само една недела откако се појавија негови фотографии со цигара во рака, а потоа неговите коментари за странците во националните тимови на Англија, кои беа сериозно критикуван од општеството, сега талентираниот фудбалер беше снимен во друга непријатна поза. Младиот играч од средниот ред беше фатен од телевизиските камери да се олеснува за време на тренингот на англиската репрезентација . Тоа се случи при живото вклучување на репортерот на "Скај Спортс" од базата на репрезентативците. Новинарот требаше да земе интервју од еден од помошниците на Рој Хоџсон, Реј Парлур , но неговото вклучување доби популарност со "настапот" на Вилшир во позадина. Фудбалерот на Арсенал размени неколку шеги со својот колега од Ливерпул, Рахим Стерлинг, по што се оддели од првиот состав и застана зад еден од стјуардите крај теренот и се олесни.

No comments:

Post a Comment