- Мојс: Oпкружувањето му влијае на Jaнузаj
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс ги коментира информациите за евентуалното заминување на талентираниот фудбалер Аднан Jaнузаj.
"Аднан сака да остане, но неговото опкружување има некакво влијание. Ние сериозно сметаме на него. Тој е играч на Манчестер Јунајтед и се надевам да продолжи да биде. Сметаме, дека тука е најдобро место за развој и им даваме шанса на младите фудбалери. Од моја гледна точка, ние го правиме тоа подобро од сите други. Во моите обврски влегува исто така придвижувањето на младите во првиот тим и Јанузај веќе се проби таму. Сега треба да стане стабилен играч од првиот состав", изјави Мојс.

No comments:
Post a Comment