CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 1 October 2013

МУРИЊО ГО ИСПРАТИ ДЕ БРУЈН ВО МАЛДИНСКИОТ СОСТАВ НА ЧЕЛСИ

-  Мурињо испрати Де Брујн кај младинците

Полудефанзивецот на Челси, Кевин де Брујн, кој порсно денеска беше изваден од менаџерот на лондончани Жозе Мурињо од составот за натпреварот од второто коло во групната фаза на Лигата на Шампионите со Стеауа, беше испратен во младинскиот тим на Челси.
Како што е познато, играта на Де Брујн во натпреварот од Лига Купот против Свиндон не го импресионираше Моурино, кој не вклучи 22-годишниот белгиец во составот за натпреварот со Тотнем во текот на викендот. Според португалскиот специјалист, Де Брујн треба да се прилагодат на барањата на топ тим како Челси.

МАКЛАРЕН Е НОВИОТ МЕНАЏЕР НА ДЕРБИ.

-  Стив Макларен ќе го предводи Дерби Каунти

Поранешниот тренер на националниот тим на Англија Стив Макларен официјално ќе го предводи клубот од Чемпионшип дивизијата, Дерби Каунти. Во 80-тите години на минатиот век Макларен играше за "овните", а подоцна стана асистент на менаџерот на тимот.
Од денес Макларен треба да го продолжи делото на Клаф, кој го тренираше Дерби од Јануари 2009 година, но по саботниот пораз од Нотингем Форест беше ослободен од тренетскиот пост.
"Нашата цел е тимот да игра во плејофот за промоција во Премиер лигата. И ние мислиме, дека Стив Макларен ќе го постигне ова со нашиот тим" коментира извршниот директор на клубот Стив Раш пред официјалната страница на клубот.
Договорот на Макларен е за две и пол години. Во тренерскиот штаб на тимот влегуваат исто така поранешниот тренер на Престон, Пол Симпсон и поранешниот тренер на голманите на Манчестер Јунајтед, Ерик Стил.


ЛИДС САКА ДА ГО ЗЕМЕ НА ПОЗАЈМИЦА ГНАБРИ ОД АРСЕНАЛ.

-  Лидс упати официјално барање за Гнарби

Лидс има намера да го донесе на позајмица 18-годишниот фудбалер на лондонскиот Арсенал, Серж Гнарби, соопшти официјалниот профил во twitter на Лидс. Според менаџерот на тимот Брајан Макдермот, клубот упатил официален прашалник кон "топчиите". Тренерот на клубот од втората дивизија сепак ги отценува како минимални шансите лондончани да го пуштат играчот по толку добрите средби, кои тој ги одигра во последно време.

ЕВЕРТОН ГО ПОБЕДИ СО 3:2 ЊУКАСЛ

-  Евертон влезе во топ 4 по 3:2 над Њукасл

Тимот на Евертон го победи Њукасл со 3:2 во последниот натпревар од 6-тото коло во Премиер лига и се искачи на четвртото место во табелата во Премиер лигата со освоени 12 поени.
Домаќините го отворија резултатот во 5-та минута, кога Ромелу Лукаку по центрирањето на Кевин Миралас ја упати топката во мрежата. Притисокот на домаќините продолжи. Тие стигнаа до втор гол во 25-та минута, кога Лукаку асистираше за погодокот на Рос Баркли. Во 37-тата минута белгискиот репрезентативец повторно блесна, откако ја искористи грешката на голманот на "страчки". Во второто полувреме фудбалерите на Евертон ја отстапија иницијатива на гостите, кои стигнаа до погодоци преку Јохан Кабај во 51-тата и Лоик Реми во 89-тата. Така конечниот резултат на крајот беше Евертон 3:2 Њукасл.

LINEUP

Everton

  • 24 Howard
  • 03 Baines Booked
  • 06 Jagielka
  • 15 Distin
  • 23 Coleman
  • 11 Mirallas Booked (Deulofeu - 73' )
  • 16 McCarthy
  • 18 Barry Booked
  • 20 Barkley (Naismith - 88' )
  • 21 Osman (Stones - 90' )
  • 17 Lukaku

Substitutes

  • 01 Robles
  • 05 Heitinga
  • 26 Stones
  • 07 Jelavic
  • 09 Kone
  • 10 Deulofeu
  • 14 Naismith

Newcastle United

  • 01 Krul
  • 02 Coloccini
  • 03 Santon
  • 13 Yanga-M'Biwa (Williamson - 46' )
  • 26 Debuchy
  • 07 Sissoko
  • 08 Anita (Cisse - 69' )
  • 10 Ben Arfa (Cabaye - 46' )
  • 11 Gouffran
  • 24 Tiote Booked
  • 14 Remy

Substitutes

  • 21 Elliot
  • 06 Williamson
  • 36 Dummett
  • 04 Cabaye
  • 25 Obertan
  • 09 Cisse
  • 28 Sa Ameobi
Ref: Dowd
Att: 33,495

MATCH STATS

Possession50%50%90minsEvertonNewcastle United

Shots

1815


On target

76

Corners

11

Fouls

515

      
         

Monday, 30 September 2013

ВИЛШЕР ДОБИ ЌЕРКИЧКА !!!

-  Вилшер стана татко

Халфот на Арсенал, Џак Вилшер стана татко по втор пат, откако неговата понежна половинка Лорен Нил роди ќеркичка. Девојчето се вика Дилајла Грејс Вилшер. Фудбалерот има и двегодишен син Арчи. Сега останува да видиме дали Вилшер ќе ја искористи оваа радосна вест во неговото семејство и ќе заигра подобро во составот на Арсенал.




РАМЗИ МИСЛИ ЗА ТИТУЛАТА.

-  Рамзи ја посакува титулата

Арон Рамзи ја посакува титулата, откако му помогна на Арсенал да го заземе првото место на табелата во Висашата лигата.
"Дефинитивно целта ни е да се бориме за титулата. Во тимот имаме доволно квалитет. Покрај повредите на важни играчи успеавме да постигнеме неколку добри победи и сега кога соиграчи ќе се вратат ќе станеме уште подобри. На теренот на Свонси се игра тешко, но ние си додававме добро. Целта ни беше да работиме солидно и да не допуштиме брз гол, а по паузата ги искористивме ситуациите кои ги имавме. Успеавме да ги повлечеме во нашата половина и потоа ги фативме на контранапади".
"Мислам, дека во текот на целата кариера излегував на добри позиции, но можеби малку избрзував и не бев прецизен пред голот. Сега сум многу поуверен, ги преценувам подобро ситуациите и се е како што треба", изјави Рамзи.

МУРИЊО: ТОРЕС Е ВО ФАНТАСТИЧНА ФОРМА

-  Мурињо: Торес знае дека сум задоволен од неговата игра

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо истакна дека напаѓачот Фернандо Торес се наоѓа во одлична форма.
"Фернандо е многу силен. Физички во моментов се наоѓа во топ форма. Ја гледав неговата презентација во Челси во претходните сезони и тој изгледаше тежпк и многу тромав. Но сега едноставно се наоѓа во фантастична кондиција. Навистина игра многу силно. Но јас немам потреба да му го кажувам тоа, тој добро го знае моето мислење. Знае дека сум задоволен од неговата игра", изјави Мурињо.

БЈУТНЕР: ВО ЈУНАЈТЕД НЕМА КРИЗА

-  Бјутнер: Не мислам дека ова е криза

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Александер Бјутнер одби да признае, дека неговиот тим се наоѓа во криза.
"Не сметам дека, тоа е криза. Се разбира, публиката сака да види од тимот како победува, играчите го сакаме истото. Загубивме неколку натпревари, а кога губиме, нема и како да бидеме среќни. Но сезоната само што започна и ние се уште може да постигнеме повеќе победи. Треба да има доверба кон играчите и останатите во тимот. Сметам, дека во нашиот тим има потенцијал и убеден сум, дека наскоро ќе почнеме да победуваме".
"Нема сомнение дека ова е многу непријатна загуба, бидејќи не игравме лошо против Ливерпул и ги елиминиравме, а потоа отстапивме пред ВБА. Сите беа многу вознемирени. Мислам дека испуштивме премногу голови, а противникот максимално ги искористи шансите за гол. Ни беше тешко да постигнеме погодок, бидејќи противникот се прибра во одбрана и сите единаесет играчи го бранеа својот гол. Тоа не беше лесен натпревар, но сега треба да се обрне внимание на следниот дуел", изјави Бјутнер.

ГО ТЕРАЛЕ НАСИЛА, ДЕ ГЕА ДА ЗЕМА ПРОТЕИНИ И ДА РАБОТИ ВО САЛАТА ЗА ФИТЕНС

-  Тренер: Насила му дававме протеини на Де Геа

Поранешниот тренер на голманите во Манчестер Јунајтед, Ерик Стил си дозволи да упати критики кон голманот на "црвените ѓаволи" Давид Де Геа, кој во почетокот на кариерата на "Олд Трафорд" не се претставуваше по најдобариот можен начин.
"Тој имаше проблеми со начинот на живот. Спиеше по 2-3 пати на ден и многу јадеше пред спиење. Освен тоа премногу често јадеше сендвичи. Го теравме насила да прима протеини на тренинзите. Го теравме исто така повеќе да работи во салата за фитнес, а тој го мразеше тоа нешто. Во Шпанија не се посветува големо внимание во оваа област и во почетокот имавме проблеми со него. Беше многу важно да ја зголеми својата физика. Еден од проблемите му беше тоа, што тежеше само 71 килограми. Работевме и на теренот, и надвор од него, за да биде тој посилен", изјави Стил.

ТОРЕС МОЖЕ ДА БИДЕ КАЗНЕТ СО ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ

-  Торес може да биде казнет за четири натпревари

Напаѓачот на Челси, Фернандо Торес може да биде дисквалификуван за четири натпревари.
Денес стана јасно дека главниот судија на натпреварот Мајк Дин ќе мора да даде објаснувања пред Фудбалската асоцијација за оваа епизода. Ако се разјасни, дека инцидентот се лизнал од вниманието на судијата, записите од ситуацијата ќе бидат разгледани од независна комисија.
Во случај, ако прекршокот биде определен за заслужен црвен картон, Торес ќе биде казнет со дополнителна дисквалификација од три натпревари. Ако тоа се случи, напаѓачот нема да може да игра против Норич, Кардиф и Манчестер Сити во Премиер лигата, како и против Арсенал во Лига Купот.

ЛЕИВА: СУАРЕЗ Е ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕН НА ЛИВЕРПУЛ

-  Леива: Суарез докажа дека е верен на Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул Лукас Леива изрази радоста по повод враќањето во тимот на напаѓачот Луис Суарез.
"Суарез повторно докажа колку е добар. Тоа е фудбалер од светска класа и е многу важно да имаш сличен играч во тимот, ако сакаш да се бориш за трофеи. Се надевам дека како и минатата сезона тој ќе има фантастична сезона. Ситуацијата околу него ги вознемири сите, но јас многу се радувам што тој останува кај нас. Луис со својата игра покажа, дека е вистински оддаден на својот клуб. Тој сака да му помогне на Ливерпул, а ние пак ќе се обидеме да им помогнеме на Луис. Видовте колку добро комуницираат со Стариџ. Двајцата немаа многу време да се уиграат, но нивното разбирање на теренот е неверојатно, тие двајцата ќе станат се подобри", изјави Леива.

МУРИЊО СЕ НАДЕВА НА НОВ ДОГОВОР ЗА ТЕРИ.

-  Мурињо: Тери ќе издејствува нов договор

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо е убеден дека дефанзивецот Џон Тери ќе издејствува нов договор со клубот.
"Мислам дека Тери има иднина со начинот на кој игра. Тој може да има иднина тука или во Кина, или каде ќе одлучи да ја продолжи кариерата. Тој треба да работи сериозно, за да ја одржува добрата форма и да ги нема истите проблеми, каои ги имаше во последните години. Џон е добар играч, а најдобрите играчи немаат проблеми со нивните договори. Мислам, дека фактот, што тој знае, дека го сакам исто има значење. Јас му имам целосна доверба, а тоа е важно за него. Тој знае дека ако го оставам надвор од составот, тоа е за негово добро и така не е под притисок, како порано. Во физичкиот однос работиме одлично со него. Мислам дека тој е во одлична кондиција во моментов ", изјави Мурињо.

СТАРИЏ: НЕ ИГРАВ НАМЕРНО СО РАКА ПРИ ПОГОДОКОТ.

-  Стариџ: Не постигнав погодок намерно со рака


По натпреварот, Стариџ ја објасни ситуацијата пред "Sky Sports" на следниов начин:
"Беше прекрасно центрирање на Стиви и очигледно се обидов да ја ударам топката со глава, но изгледа мојата игра со глава не е многу добра. Ја помашив топката и таа се удри во мојата рака, но не го направив намерно. Понекогаш се случуваат такви нешта ".
"Натпреварот беше многу тежок. Не мислам дека игравме толку добро колку што можевме во првиот дел, но водевме со 2:0. Потоа малку се опуштивме во второто полувреме. Одлично е, што Луис се врати и ни дава повеќе можности во нападот. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и почнуваме да формираме добро партнерство".

ДЕРБИ КАУНТИ ГО ОТПУШТИ МЕНАЏЕРОТ КЛАФ.

-  Дерби Каунти го ослободи тренерот

Поранешниот англиски репрезентативец, Најџел Клаф беше отпуштен од менаџерскиот пост на Дерби Каунти после поразот со 0:1 од регионалниот ривал Нотингем Форест во средба од Чемпионшоп дивизијата.
47-годишниот стратег, чиј татко Брајан го изведе Форест до титули во 70-тите години, доживеа трето пораз во последните девет дена на чело на Дерби Каунти.
"По долга дискусија бордот на директори одлучи дека е време Дерби да помине на следното ниво, да се заврши во горната половина на табелата во оваа сезона. Ја искористуваме можноста да му се заблагодарам на Клаф, како и да му посакаме успех во менаџерски кариера", соопштија од клубот.
Според медиумите на Островот, фаворит за испразнетиот пост е ослободениот тренер од Стоук Сити, Тони Пјулис.

МОЈС ОТКАЧИ, ПОЧНА ДА ЗБОРИ ЗА ЛШ, А ТОЈ НЕ СЕ СПРАВУВА НИ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА.

-  Мојс: Манчестер Јунајтед нема класа да ја освои Лигата на Шампионите

Манчестер Јунајтед нема играчи од светска класа, за да триумфира со трофејот во Лигата на Шампионите, изјави менаџерот на англискиот шампион Дејвид Мојс.
"Имаме потреба од пет или шест играчи од светска класа, за да ја освоиме Лигата на Шампионите. Погледнете го Баерн Минхен, тие ги поседуваат. Погледнете ја Барселона, како и Реал Мадрид во минатото. Во моментов Реал можеби повторно поседува сличен состав. Ако еден тим е на ова ниво, може да ја освои Лигата на Шампионите. Во моментов ние се уште не ги поседуваме нивните квалитети, но сепак имаме искуство", изјави Мојс.