- Стив Макларен ќе го предводи Дерби Каунти
Поранешниот тренер на националниот тим на Англија Стив Макларен официјално ќе го предводи клубот од Чемпионшип дивизијата, Дерби Каунти. Во 80-тите години на минатиот век Макларен играше за "овните", а подоцна стана асистент на менаџерот на тимот.
Од денес Макларен треба да го продолжи делото на Клаф, кој го тренираше Дерби од Јануари 2009 година, но по саботниот пораз од Нотингем Форест беше ослободен од тренетскиот пост.
"Нашата цел е тимот да игра во плејофот за промоција во Премиер лигата. И ние мислиме, дека Стив Макларен ќе го постигне ова со нашиот тим" коментира извршниот директор на клубот Стив Раш пред официјалната страница на клубот.
Договорот на Макларен е за две и пол години. Во тренерскиот штаб на тимот влегуваат исто така поранешниот тренер на Престон, Пол Симпсон и поранешниот тренер на голманите на Манчестер Јунајтед, Ерик Стил.

No comments:
Post a Comment