CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Sunday, 13 October 2013

МОЈС БАРА НОВИ ТАЛЕНТИ ВО ЛИГА 2.

-  Дејвид Мојс изгледот  натпревар од четвртиот ешалон во Англија

Во Евертон, Дејвид Мојс си изгради име на менаџер, кој умее да наоѓа таленти од долните ешалони (Кејхил, Џагиелка), но дали и сега како менаџер на Манчестер Јунајтед се обидува да го направи истото?
Мојс има мултимилионски ѕвезди како Руни и Ван Перси, но ја користи паузата за меѓународни натпревари, за да го посети натпреварот помеѓу Флитвуд и Честрефилд од Лига 2, четвртото ниво на англискиот фудбал.
Гледачите на малиот стадион "Хајбери" со капацитет од 5 300 луѓе беа шокирани да го видат на трибините шкотскиот тренер на англискиот шампион, кој направил кратка екскурзија до Ланкашир, за да изгледа натпреварот во живо.


ЛИЛЈАЦИ ЈА ПОПРЕЧУВААТ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЕНФИЛД.

-  Лилјаци пречат на реконструкцијата на Енфилд

Колонија на лилјаци, населени во околината на стадионот "Енфилд", може значително да ја комплицираат задачата на раководството на Ливерпул по реконструкцијата на домашната арена. Во моментов во администрацијата на градот се поднесени претставки од неколку еколошки организации, што доведе до тоа, дека градските власти издадоа преписка до фирмата, која го добила договорот за реконструкција на "Енфилд ", да ја спроведе работата без да им наштети на животните.
Тоа ги принудило работниците да престанат својата работа, а раководителите на градежната фирма да повикаат професионалци, кои ќе се запознаат со ситуацијата.
Во плановите на шефовите на Ливерпул е зацртано зголемување на капацитетот на стадионот од 45 на 60 000 луѓе. Првата фаза на реконструкцијата треба да започне во најблиско време, но не е исклучено токму поради лилјаци стартот да биде забавена.

НАВИВАЧИТЕ НА НОРИЧ ЌЕ ЈА БОЈКОТИРААТ СРЕДБАТА СО ЈУНАЈТЕД.

-  Навивачите на Норич може да го бојкотираат натпреварот со Јунајтед

Навивачите на Норич го изразија незадоволство од цената на билетите за натпреварот на својот тим против Манчестер Јунајтед во Лига Купот. Како што е познато, дуелот ќе се оддигра на "Олд Трафорд" на 29 Октомври, а вредноста на билетите се определени од страна на раководството на Манчестер Јунајтед.
Според информациите, билетите за навивачите на Норич за натпреварот со Манчестер Јунајтед чинат 46 фунти. Во исто време, вредноста на билетите за дуелот од 8-от коло во Премиер лига, Арсенал - Норич е 25 фунти.

ЏЕРАРД: ЦЕЛТА НА ЛИВЕРПУЛ Е ТОП 4 И ПЛАСМАН ПРЕД ЕВЕРТОН.

-  Џерард: Каква титулата, сакаме да сме пред Евертон

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард изјави, дека сеуште е многу рано во тимот да зборуваат за титулата во Англија, и покрај одличниот почеток на сезоната. "Црвените" се на чело на табелата во Англија заедно со тимот на Арсенал, откако двата тима имаат по 16 поени.
"Никогаш не би рекол, дека не можеме да ја освоиме Премиер лигата. Ако треба сепак да бидам искрен, тоа не е целта пред нас. Нашата цел е да се пласираме во четворката и да бидеме пред Евертон во конечниот пласман", коментира Џерард.

АЛАРДАЈС СЕ ПЛАШИ ЈУНАЈТЕД ДА НЕ ГО ВРАТИ МОРИСОН.

-  Алардајс: Јунајтед може да се врати за Морисон

Тренерот на Вест Хем Сем Алардајс ги сподели стравувањета, дека Манчестер Јунајтед може да си ја врати новата ѕвезда на "чеканите" полудефанзивецот Равел Морисон. Неодамна фудбалерот постигна неверојатен гол во дербито со Тотнем и како целина изгледа многу добар од почетокот на сезоната. Според добиените информации, Вест Хем веќе работи над нов договор со 20-годишниот англичанец.
Според неофицијални информации, Јунајтед го остави за себе правото за повратен трансфер на играчот. Не е познато дали Алардајс знае за овој факт, но стратегот сериозно стравува да не изгуби Равел, кој е набљудува исто така од Арсенал и Челси.
"Не знам дали имаат некакво право за повратен трансфер и во каков размер ќе биде сумата, ако воопшто постои такво нешто. Но, јас сум силно вознемирен од тоа, дека Јунајтед може да се врати и да го купат. Погледнете што се случи со Крис Смолинг, се појави Јунајтед со 10 милиони. Истото се случи и со Фил Џонс, кога го тренирав Блекбурн, со вакво нешто може да се соочам и сега", изјави Алардајс.


ИНТЕРВЈУ: МЕСУТ ОЗИЛ.

-  Испеав турска песна, како ме примија во Арсенал

- Хер Озил, ви се заблагодарија ли веќе од вашиот матичен клуб Рот -Вајс Есен ?
- Таму ми немаат телефон и адреса. Но се радувам што клубот успеа да земе некои пари од мојот трансферот во Арсенал.
- Не некакви, а цели 800 000 евра !
- Знам, дека за овој тим тоа е сериозна сума. Рот Вајс за мене е посебен тим, бидејќи таму го поминав детството. Си поминав одлично во Есен. Човек никогаш не треба да заборавиме од каде тргнал .
- Вие сте од Гелзенкирхен, каде сеуште тагувам за вас. Какви ви се односите во Шалке ?
- Веќе не се толку силни. Но секогаш кога можам, ги гледам натпреварите на Шалке. Моето семејство живее во Гелзенкирхен, таму сум израснал и кога ќе се вратам дома, слушам од секаде : "Шалке, Шалке, Шалке".
- Уште ли се шетаат во Гелзенкирхен, кога ќе си отидете ?
- Секако. И гледам по местата, каде што јас сум играл како мал, дали играат деца. Имам чувство дека се помалку деца играат фудбал на улиците.
Но се надевам, дека во Гелзенкирхен повторно ќе најдат нов Озил.
- Минатата сезона го поканивте вашиот тренер од младинскиот тим Норберт Елгерт и неговата сопруга во Мадрид. Тој многу се возбуди од поканата.
- Тој е човекот кој ме внесе во фудбалот. Тој ме зеде од Есен во Шалке и веднаш ми даде целосна доверба. Тој виде нешто во мене што другите тренери не успеаја, и затоа ќе сум му благодарен секогаш. Тој секогаш бил искрен со мене, затоа го повикав во Шпанија.
- Шпанија е веќе минато. Во моментов Англија е ново ваше место за живот. Тоа е третото преместување во рамките на 5 години. Кое ви беше најтешко ?
- Дефинитивно ова од Шалке во Вердер. Тогаш бев многу млад, моите пријатели и семејството веќе не беа до мене и се чувствував многу осамен. Преместувањето во Мадрид беше доста полесно, бидејќи бев многу љубопитен каков е животот таму. Тоа беше дел од мојот развој. Сега сум во Лондон, нова средина, нови соиграчи, нов јазик, нова култура. Но со текот на времето покрај мојата работа ќе се адаптирам брзо. Освен тоа сум поблиску до своето семејство, 1 час со авион !
- Успеавте ли веќе да ги искористите предностите ?
- Не, за жал. Поради тешкиот распоред постојано  сме на пат.
- Сега разбравте ли зошто го викаат " англиската недела " ?
- Да, но тоа е забавно. Да играш натпревари е поинтересно отколку да тренираш.
- Почнавте многу добро во Арсенал. Очекувате ли таков старт ?
- Јас сакам да гледам поскептични кон работите. На едно ново место треба да се запознаеш со играчите, со системот. Но довербата на тренерот и соиграчите, ми го направи животот многу полесен. Многу брзо се вклопив во тимот и се чувствувам навистина добро.
- Го постигнавте и својот прв гол против Наполи. Навивачите и печатот ве преплави со пофалби , какви што не сте слушнале во Шпанија.
- Атмосферата во Англија е нова за мене. Луѓето поинаку гледаат на фудбалот овде. Кога еден фудбалер ја изгуби топката, а потоа си ја врати назад, трибините експлодираат. На англиската публика и се допаѓа што се бориш и што сакаш да победиш по секоја цена. Па фудбалерите добиваат дополнителна мотивација.
- Навивачите на Реал Мадрид се доста покритични.
- Јас можам да кажам со раката на срце, јас поминав три одлични години во Реал М. А навивачите беа фантастични. Реал има одлични фанови.
- Арсенал не е ли поблиска до самата игра во споредба со Реал Мадрид, каде што сè се врти околу митот ? Легендата за овој тим не е ли над се останато ?
- Во Арсенал се се врти околу фудбалот, тоа е така. Натпревари, победи, радост на теренот. И оваа семејна средина, која ја има во клубот, пред тоа не сум ја видел никаде на друго место. Од чистачката до највисоките скалила, сите тие се дел од Арсенал. Реал е најголемиот клуб во светот. Каде и да одевме, ни пресретнуваше вистински пекол.
- Главата на семејството на Арсенал е Арсен Венгер. Тој  дали ве почести веќе со домашно приготвени слатки од сопругата ?
- Можам да кажам дека Хер Венгер е многу гостоприемлив. Тој е многу пријателски и има посебен шарм и харизма. Се чувствува, дека сите имаат голема почит кон него. Кога ќе влезе во собата, секој го пречекува со "шефе". Сите, не само играчите.
- Претходниот ваш тренер Жозе Мурињо не е толку пријателски настроен.
- Јас од него сум видел само убави работи. Продолжувам да одржувам контакт со него. Благодарен сум му затоа, на што ме научи. Тој е меѓу најдобрите тренери во светот.
- По вашиот трансфер во Арсенал, Жозе Мурињо изјави, дека вие сте најдобрите десет во светот и дека сте мешавина помеѓу Зидан и Фиго. Дали сте добивале поубав комплимент ?
- Мислам дека не. Тоа многу ми значи. А и кога доаѓа од устата на човек како Мурињо, е уште повредно. Фиго и Зидан се легенди, а Зидан секогаш ми бил идол.
- Со Арсен Венгер имавте контакт уште пред трансферот, нели?
- Да, секако. По телефон. Сакав да знам какви планови има тренерот. Тој многу ме импресионира.
- Во Арсенал има традиција секој нов да испее една песна во соблекувалната. Каков беше вашиот избор?
- Јас испеав една турска песна. Се разбира, луѓето не ме разбраа. Но ми аплаудира.
- Во Арсенал ќе можете да ги изведувате и фаулите. Какви ви беа односите со Роналдо во Реал М ?
- Се разбуравме не само на теренот, туку и надвор од него.
- Тој рече, дека ќе му недостасуваш. Како и Рамос, Арбелоа, Иско.
- Тоа многу ме израдува. И навивачите исто така се залагаат за мене. Но во фудбалот е така. Ова е еден бизнис. И може се да се случи.
- Имавте ли можност да запознаете авторитетниот Флорентино Перез ?
- Не сакам да кажам ништо за Флорентино Перез.
  Што да ви кажам ? Не го познавам добро.
- Во Шпанија 2 екипи доминираат во првенството. Како е во Англија ?
- Првенството во Англија е доста поконкурентно. Никој тим не излегува да игра за 0-0. Има повеќе фаворити и секој натпревар е многу тежок. Мислам дека Премиер лигата е најдобро првенство.
- Во Англија сепак сите велат, дека Бундеслигата е најдобро првенство.
- Во Германија фудбалот е многу добро организиран. Работата со децата е на професионално ниво. Јас сепак сум играл и во Шпанија и во Германија, а сега и во Англија. Сметам дека Премиер лигата е најдобра.

ВЕСТ ХЕМ ПЛАЌА ПО 25 000 ФУНТИ НА ЈУНАЈТЕД ЗА МОРИСОН.

-  Вест Хем плаќа на Јунајтед по 25 000 на натпревар за Морисон

Вест Хем плаќа по 25 000 фунти на Манчестер Јунајтед за секој натпревар, кој Ревел Морисон игра за тимот. Тоа го открива Дејли Меил.
Тоа е дел од шемата, при која "Црвените ѓаволи" го продадоа младиот играч на "чеканите" во минатата сезона.
Првично Јунајтед побарал од Вест Хем, кој тогаш беше во Чемпионшип дивизијата, трансфер сума од 3 милиони фунти. Последователно, сепак Сер Алекс се согласил на 650 000 фунти, но и бонуси во зависност од одиграни натпревари .
Морисон помина поголемиот дел од минатата сезона на позајмица во Бирмингем, но сега блеска за Вест Хем. Од почетокот на сезоната тој има 8 натпревари, во кои постигна два гола. Па само до моментов Вест Хем веќе има сметка за исплата на Јунајтед од 200 000 фунти.
Ова сепак вреди, бидејќи со настапите Морисон го привлече вниманието на сите на островот. Затоа од Вест Хем планираат да му понудат нов договор. Досегашниот истекува по 18 месеци.

ГИВЕН И ВИЛА СЕ РАЗДЕЛУВААТ ВО ЈАНУАРИ.

-  Гивен и Вила може да се разделат

Голманот на Астон Вила, Шеј Гивен навести, дека може да се раздели со бирмингемскиот клуб во Јануари. Како што е познато, 37 -годишниот голман го загуби своето место во составот за сметка на Бред Гузан и по се изгледа, дека нема да може да се врати во плановите на менаџерот Пол Ламберт. Тоа веројатно ќе го натера ирецот да си бара нов тим во зимскиот трансфер прозорец.
"Кога си играл како стартер во речиси целата своја кариера е тешко, особено ако мислиш, дека сеуште треба да играш. Разочаран сум, но ќе продолжам да тренирам и се надевам нешто да се случи во Јануари", признава Гивен.


ГУЛИТ: НА ЈУНАЈТЕД ИМ ТРЕБАА 3 ТОП ИГРАЧИ ВО ЈАНУАРИ.

-  Гулит: Јунајтед мора да купи тројца во Јануари

Поранешниот менаџер на Челси, Руд Гулит смета дека на Манчестер Јунајтед му е потребно да се изврши три големи трансфери, ако сака да ја заштити шампионската титула во Премиер лигата.
"Многу добро знам, дека новиот менаџер Дејвид Мојс побарал од раководството на клубот средства за привлекување на тројца фудбалери од топ ниво во текот на зимата, за да може тимот да ја задржи својата конкурентност на највисоко ниво во Англија и Европа .
"Имам причини да верувам, дека Јунајтед располага со достапни средства. И тие треба да дојдат токму по овој начин (да купат фудбалери). Кога ќе ги купат овие три ѕвезди за Вејн Руни ќе биде полесно да остане. На крајот, тие го зачуваат тимот во текот на летото . Токму тоа е причината да бидат толку нестабилни во Премиер лигата",   изјави Гулит.

ЛИВЕРПИЛ МОЖЕ ДА ГО ПРОДАДЕ СУАРЕЗ ВО ЈАНУАРИ..

-  Ливерпул е подготвен да го продаде Суарез во Jануари

Ливерпул е отворен за продажба на напаѓачот Луис Суарез во зимскиот трансфер прозорец, соопштува Daily Mirror. Според информациите мерсисајдскиот клуб е подготвен да се раздели со својата ѕвезда само за сума од 50 милиони фунти. Летово Суарез очајно се обидуваше да го напушти "Енфилд". Луис отворено зборуваше за својата желба и го обвинуваше раководството на "црвените " за тоа, дека  не ги исполниле своите ветувања.
Ливерпул  е подготвен за разделба со уругваецот и едвај може да се одолее пред сума од 50 милиони фунти, за која пред тоа беше продаден во Челси напаѓачот Фернандо Торес. "Црвените" разбираат, дека ја имаат изгубено довербата на Луси и нема да можат да го задржат вечно, според специјалисти, не е исклучено самиот играч да направи нов скандал.

ЧЕЛСИ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА СОАБОТКА СО МАРКА ЧАСОВНИЦИ.

-  Челси пушта швајцарски часовници со својот  амблем

Во најскоро време Челси ќе продава на интернет швајцарски часовници со својот синиот лав, кој е дел од амблемот на клубот. Бизнисот стана реален, откако "сините" за прв пат во својата историјата избраа официјален мерач на времето, производителот на часовници Rotary. Швајцарскиот бренд ќе се рекламира на теренот за тренинг на "Стемфорд Бриџ", а амбасадор на брендот ќе биде полудефанзивецот Франк Лампард. Главната цел на договорот е да им обезбеди повеќе клиенти на швајцарците во Југоисточна Азија.

BT SPORT И АРСЕНАЛ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ПАРТНЕРСТВО.

-  Зделка на неделата

Британскиот телевизиски канал BT Sport, дел од концернот BT Group, стана официјален партнер на Арсенал. Пред една година BT Group го удар англискиот фудбал, откако купи дел од правата за емитување на натпреварите од Премиер лигата за 726 милиони фунти и го измести од пазарот ESPN. Подоцна BT Sport ја ангажираше за рекламно лице новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси и полудефанзивецот на топџиите Алекс Окслејд-Чембрлејн. Новиот договор ќе му овозможи на каналот да ги рекламира програмите со помош на Арсенал. Телевизискиот канал ќе имаат слободен пристап до играчите од првиот тим на клубот и до тренерскиот штаб.
"Среќни сме што сме официјален партнер на BT Sport. За кратко време компанијата направи многу иновации во телевизиските емисии. Немаме трпение да го развиеме партнерството и да помогнеме за уште подобра покриеност на натпреварите", изјавија од управата на клубот.

ДРЕСОТ НА ОЗИЛ НАЈПРОДАВАН ВО АНГЛИЈА

-  Дресот на Озил најкупуван во Вл

Новиот миленик на навивачите на Арсенал Месут Озил стана вистински хит и во продавницата на клубот, каде го купуваат како топол леб дресот со неговото име и број 11. Тоа го покажува последното истражување за најпродаваните дресови во Премиер лигата до овој момент. На второ место е друг играч поврзан со Арсенал, поранешниот капитен на  "топџиите" Робин ван Перси, сега во Јунајтед. Трет е неговиот тимски колега од " Олд Трафорд", Вејн Руни, кој покрај скандалите околу неговата желба да го напушти клубот, си останува почитуван од публиката. Следат Серхио "Кун" Агуеро (Манчестер Сити), Фернандо Торес (Челси), шести е закованиот на клупата во Јунајтед, јапонец Шинџи Кагава, Еден Азар (Челси), Луис Суарез (Ливерпул), Џак Вилшер (Арсенал) и Санти Касорла (Арсенал). Прави впечаток, дека во првите 10 има само двајца англичани Руни и Вилшер, а останатите миленици се  странци.


СИЛВА НЕ САКА ДА ГО НАПУШТИ СИТИ.

-  Силва: Среќен сум во Манчестер

Шпанскиот репрезентативец Давид Силва ги демантираше неодамнешните шпекулации, дека во текот на летото ќе го напушти Манчестер Сити, за да премине во Реал Мадрид. 27-годишниот играч изјави, дека е среќен во тимот на "небесносините" и не гледа причина да си оди. Во Септември минатата година Силва потпиша договор за пет сезони со "граѓаните".
"Јас сум многу среќен во Манчестер. Слични гласини има секоја година, но во крајна линија треба да бидам смирен и да не обрнувам многу внимание на тоа. Минатата година го обновив договорот со клубот, бидејќи јас сум задоволен во Манчестер", изјави Силва.


Saturday, 12 October 2013

ГУЗАН НЕ САКА ДА ЈА НАПУШТА ВИЛА.

-  Гузан отфрли варијанта да премине во Арсенал

Голманот на Астон Вила, Бред Гузан отфрли варијантата да премине во тимот на Арсенал во Јануари. Гузан, кој се наоѓа во прекрасна форма оваа сезона, се тврди дека го "фатил окото на лондончани".
Американскиот репрезентативец сепак денеска ја даде оваа изјава: 
"Астон Вила, тие сметаат на мене, особено менаџерот. Тој ми даде шанса да играм постојано во сериозен европски шампионат. Секогаш е убаво да те поврзуваат со други тимови, но лично јас сум среќен во Астон Вила", изјави Гузан.