CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Sunday, 13 October 2013

ИНТЕРВЈУ: МЕСУТ ОЗИЛ.

-  Испеав турска песна, како ме примија во Арсенал

- Хер Озил, ви се заблагодарија ли веќе од вашиот матичен клуб Рот -Вајс Есен ?
- Таму ми немаат телефон и адреса. Но се радувам што клубот успеа да земе некои пари од мојот трансферот во Арсенал.
- Не некакви, а цели 800 000 евра !
- Знам, дека за овој тим тоа е сериозна сума. Рот Вајс за мене е посебен тим, бидејќи таму го поминав детството. Си поминав одлично во Есен. Човек никогаш не треба да заборавиме од каде тргнал .
- Вие сте од Гелзенкирхен, каде сеуште тагувам за вас. Какви ви се односите во Шалке ?
- Веќе не се толку силни. Но секогаш кога можам, ги гледам натпреварите на Шалке. Моето семејство живее во Гелзенкирхен, таму сум израснал и кога ќе се вратам дома, слушам од секаде : "Шалке, Шалке, Шалке".
- Уште ли се шетаат во Гелзенкирхен, кога ќе си отидете ?
- Секако. И гледам по местата, каде што јас сум играл како мал, дали играат деца. Имам чувство дека се помалку деца играат фудбал на улиците.
Но се надевам, дека во Гелзенкирхен повторно ќе најдат нов Озил.
- Минатата сезона го поканивте вашиот тренер од младинскиот тим Норберт Елгерт и неговата сопруга во Мадрид. Тој многу се возбуди од поканата.
- Тој е човекот кој ме внесе во фудбалот. Тој ме зеде од Есен во Шалке и веднаш ми даде целосна доверба. Тој виде нешто во мене што другите тренери не успеаја, и затоа ќе сум му благодарен секогаш. Тој секогаш бил искрен со мене, затоа го повикав во Шпанија.
- Шпанија е веќе минато. Во моментов Англија е ново ваше место за живот. Тоа е третото преместување во рамките на 5 години. Кое ви беше најтешко ?
- Дефинитивно ова од Шалке во Вердер. Тогаш бев многу млад, моите пријатели и семејството веќе не беа до мене и се чувствував многу осамен. Преместувањето во Мадрид беше доста полесно, бидејќи бев многу љубопитен каков е животот таму. Тоа беше дел од мојот развој. Сега сум во Лондон, нова средина, нови соиграчи, нов јазик, нова култура. Но со текот на времето покрај мојата работа ќе се адаптирам брзо. Освен тоа сум поблиску до своето семејство, 1 час со авион !
- Успеавте ли веќе да ги искористите предностите ?
- Не, за жал. Поради тешкиот распоред постојано  сме на пат.
- Сега разбравте ли зошто го викаат " англиската недела " ?
- Да, но тоа е забавно. Да играш натпревари е поинтересно отколку да тренираш.
- Почнавте многу добро во Арсенал. Очекувате ли таков старт ?
- Јас сакам да гледам поскептични кон работите. На едно ново место треба да се запознаеш со играчите, со системот. Но довербата на тренерот и соиграчите, ми го направи животот многу полесен. Многу брзо се вклопив во тимот и се чувствувам навистина добро.
- Го постигнавте и својот прв гол против Наполи. Навивачите и печатот ве преплави со пофалби , какви што не сте слушнале во Шпанија.
- Атмосферата во Англија е нова за мене. Луѓето поинаку гледаат на фудбалот овде. Кога еден фудбалер ја изгуби топката, а потоа си ја врати назад, трибините експлодираат. На англиската публика и се допаѓа што се бориш и што сакаш да победиш по секоја цена. Па фудбалерите добиваат дополнителна мотивација.
- Навивачите на Реал Мадрид се доста покритични.
- Јас можам да кажам со раката на срце, јас поминав три одлични години во Реал М. А навивачите беа фантастични. Реал има одлични фанови.
- Арсенал не е ли поблиска до самата игра во споредба со Реал Мадрид, каде што сè се врти околу митот ? Легендата за овој тим не е ли над се останато ?
- Во Арсенал се се врти околу фудбалот, тоа е така. Натпревари, победи, радост на теренот. И оваа семејна средина, која ја има во клубот, пред тоа не сум ја видел никаде на друго место. Од чистачката до највисоките скалила, сите тие се дел од Арсенал. Реал е најголемиот клуб во светот. Каде и да одевме, ни пресретнуваше вистински пекол.
- Главата на семејството на Арсенал е Арсен Венгер. Тој  дали ве почести веќе со домашно приготвени слатки од сопругата ?
- Можам да кажам дека Хер Венгер е многу гостоприемлив. Тој е многу пријателски и има посебен шарм и харизма. Се чувствува, дека сите имаат голема почит кон него. Кога ќе влезе во собата, секој го пречекува со "шефе". Сите, не само играчите.
- Претходниот ваш тренер Жозе Мурињо не е толку пријателски настроен.
- Јас од него сум видел само убави работи. Продолжувам да одржувам контакт со него. Благодарен сум му затоа, на што ме научи. Тој е меѓу најдобрите тренери во светот.
- По вашиот трансфер во Арсенал, Жозе Мурињо изјави, дека вие сте најдобрите десет во светот и дека сте мешавина помеѓу Зидан и Фиго. Дали сте добивале поубав комплимент ?
- Мислам дека не. Тоа многу ми значи. А и кога доаѓа од устата на човек како Мурињо, е уште повредно. Фиго и Зидан се легенди, а Зидан секогаш ми бил идол.
- Со Арсен Венгер имавте контакт уште пред трансферот, нели?
- Да, секако. По телефон. Сакав да знам какви планови има тренерот. Тој многу ме импресионира.
- Во Арсенал има традиција секој нов да испее една песна во соблекувалната. Каков беше вашиот избор?
- Јас испеав една турска песна. Се разбира, луѓето не ме разбраа. Но ми аплаудира.
- Во Арсенал ќе можете да ги изведувате и фаулите. Какви ви беа односите со Роналдо во Реал М ?
- Се разбуравме не само на теренот, туку и надвор од него.
- Тој рече, дека ќе му недостасуваш. Како и Рамос, Арбелоа, Иско.
- Тоа многу ме израдува. И навивачите исто така се залагаат за мене. Но во фудбалот е така. Ова е еден бизнис. И може се да се случи.
- Имавте ли можност да запознаете авторитетниот Флорентино Перез ?
- Не сакам да кажам ништо за Флорентино Перез.
  Што да ви кажам ? Не го познавам добро.
- Во Шпанија 2 екипи доминираат во првенството. Како е во Англија ?
- Првенството во Англија е доста поконкурентно. Никој тим не излегува да игра за 0-0. Има повеќе фаворити и секој натпревар е многу тежок. Мислам дека Премиер лигата е најдобро првенство.
- Во Англија сепак сите велат, дека Бундеслигата е најдобро првенство.
- Во Германија фудбалот е многу добро организиран. Работата со децата е на професионално ниво. Јас сепак сум играл и во Шпанија и во Германија, а сега и во Англија. Сметам дека Премиер лигата е најдобра.

No comments:

Post a Comment