- Зделка на неделата
Британскиот телевизиски канал BT Sport, дел од концернот BT Group, стана официјален партнер на Арсенал. Пред една година BT Group го удар англискиот фудбал, откако купи дел од правата за емитување на натпреварите од Премиер лигата за 726 милиони фунти и го измести од пазарот ESPN. Подоцна BT Sport ја ангажираше за рекламно лице новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси и полудефанзивецот на топџиите Алекс Окслејд-Чембрлејн. Новиот договор ќе му овозможи на каналот да ги рекламира програмите со помош на Арсенал. Телевизискиот канал ќе имаат слободен пристап до играчите од првиот тим на клубот и до тренерскиот штаб.
"Среќни сме што сме официјален партнер на BT Sport. За кратко време компанијата направи многу иновации во телевизиските емисии. Немаме трпение да го развиеме партнерството и да помогнеме за уште подобра покриеност на натпреварите", изјавија од управата на клубот.

No comments:
Post a Comment