- Гивен и Вила може да се разделат
Голманот на Астон Вила, Шеј Гивен навести, дека може да се раздели со бирмингемскиот клуб во Јануари. Како што е познато, 37 -годишниот голман го загуби своето место во составот за сметка на Бред Гузан и по се изгледа, дека нема да може да се врати во плановите на менаџерот Пол Ламберт. Тоа веројатно ќе го натера ирецот да си бара нов тим во зимскиот трансфер прозорец.
"Кога си играл како стартер во речиси целата своја кариера е тешко, особено ако мислиш, дека сеуште треба да играш. Разочаран сум, но ќе продолжам да тренирам и се надевам нешто да се случи во Јануари", признава Гивен.

No comments:
Post a Comment