- Дејвид Мојс изгледот натпревар од четвртиот ешалон во Англија
Во Евертон, Дејвид Мојс си изгради име на менаџер, кој умее да наоѓа таленти од долните ешалони (Кејхил, Џагиелка), но дали и сега како менаџер на Манчестер Јунајтед се обидува да го направи истото?
Мојс има мултимилионски ѕвезди како Руни и Ван Перси, но ја користи паузата за меѓународни натпревари, за да го посети натпреварот помеѓу Флитвуд и Честрефилд од Лига 2, четвртото ниво на англискиот фудбал.
Гледачите на малиот стадион "Хајбери" со капацитет од 5 300 луѓе беа шокирани да го видат на трибините шкотскиот тренер на англискиот шампион, кој направил кратка екскурзија до Ланкашир, за да изгледа натпреварот во живо.

No comments:
Post a Comment