- Вест Хем плаќа на Јунајтед по 25 000 на натпревар за Морисон
Вест Хем плаќа по 25 000 фунти на Манчестер Јунајтед за секој натпревар, кој Ревел Морисон игра за тимот. Тоа го открива Дејли Меил.
Тоа е дел од шемата, при која "Црвените ѓаволи" го продадоа младиот играч на "чеканите" во минатата сезона.
Првично Јунајтед побарал од Вест Хем, кој тогаш беше во Чемпионшип дивизијата, трансфер сума од 3 милиони фунти. Последователно, сепак Сер Алекс се согласил на 650 000 фунти, но и бонуси во зависност од одиграни натпревари .
Морисон помина поголемиот дел од минатата сезона на позајмица во Бирмингем, но сега блеска за Вест Хем. Од почетокот на сезоната тој има 8 натпревари, во кои постигна два гола. Па само до моментов Вест Хем веќе има сметка за исплата на Јунајтед од 200 000 фунти.
Ова сепак вреди, бидејќи со настапите Морисон го привлече вниманието на сите на островот. Затоа од Вест Хем планираат да му понудат нов договор. Досегашниот истекува по 18 месеци.

No comments:
Post a Comment