- Гузан отфрли варијанта да премине во Арсенал
Голманот на Астон Вила, Бред Гузан отфрли варијантата да премине во тимот на Арсенал во Јануари. Гузан, кој се наоѓа во прекрасна форма оваа сезона, се тврди дека го "фатил окото на лондончани".
Американскиот репрезентативец сепак денеска ја даде оваа изјава:
"Астон Вила, тие сметаат на мене, особено менаџерот. Тој ми даде шанса да играм постојано во сериозен европски шампионат. Секогаш е убаво да те поврзуваат со други тимови, но лично јас сум среќен во Астон Вила", изјави Гузан.

No comments:
Post a Comment