- Лилјаци пречат на реконструкцијата на Енфилд
Колонија на лилјаци, населени во околината на стадионот "Енфилд", може значително да ја комплицираат задачата на раководството на Ливерпул по реконструкцијата на домашната арена. Во моментов во администрацијата на градот се поднесени претставки од неколку еколошки организации, што доведе до тоа, дека градските власти издадоа преписка до фирмата, која го добила договорот за реконструкција на "Енфилд ", да ја спроведе работата без да им наштети на животните.
Тоа ги принудило работниците да престанат својата работа, а раководителите на градежната фирма да повикаат професионалци, кои ќе се запознаат со ситуацијата.
Во плановите на шефовите на Ливерпул е зацртано зголемување на капацитетот на стадионот од 45 на 60 000 луѓе. Првата фаза на реконструкцијата треба да започне во најблиско време, но не е исклучено токму поради лилјаци стартот да биде забавена.

No comments:
Post a Comment