- Алардајс: Јунајтед може да се врати за Морисон
Тренерот на Вест Хем Сем Алардајс ги сподели стравувањета, дека Манчестер Јунајтед може да си ја врати новата ѕвезда на "чеканите" полудефанзивецот Равел Морисон. Неодамна фудбалерот постигна неверојатен гол во дербито со Тотнем и како целина изгледа многу добар од почетокот на сезоната. Според добиените информации, Вест Хем веќе работи над нов договор со 20-годишниот англичанец.
Според неофицијални информации, Јунајтед го остави за себе правото за повратен трансфер на играчот. Не е познато дали Алардајс знае за овој факт, но стратегот сериозно стравува да не изгуби Равел, кој е набљудува исто така од Арсенал и Челси.
"Не знам дали имаат некакво право за повратен трансфер и во каков размер ќе биде сумата, ако воопшто постои такво нешто. Но, јас сум силно вознемирен од тоа, дека Јунајтед може да се врати и да го купат. Погледнете што се случи со Крис Смолинг, се појави Јунајтед со 10 милиони. Истото се случи и со Фил Џонс, кога го тренирав Блекбурн, со вакво нешто може да се соочам и сега", изјави Алардајс.

No comments:
Post a Comment