CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Saturday, 12 October 2013

БОСИНГВА ВОЗВРАТИ НА НАПАДИТЕ НА РЕДНАП.

-  Босингва: Реднап мисли дека е Сер Алекс

Жозе Босингва одговори на нападите, кои ги објави на негова адреса Хари Реднап во последната автобиографска книга. Според менаџерот Босингва се однесувал исклучиво срамно за премногу големите суми кои ги добивал. Сега десниот бек игра во Трабзонспор, не пропушти да му одговори на Реднап:
"Хари е фрустрирачки и лут менаџер. Тој мисли, дека е Сер Алекс Фергусон, но има една разлика меѓу нив, тој никогаш не освоил титула во својотт живот. Мислам дека Реднап е многу збунет, сигурно е од возраста".
"Изненаден сум од неговите нападите, затоа што пред да го напуштам КПР тој седна да разговара со мене и ми рече дека сум одличен играч. Односите ни не беа многу добри, но не сум земал насила плата од нив. Се се решаваше од клубот. Тие ме отценија и јас пристигнав од Челси за никакви пари, а јас ја имав освоено Лигата на Шампионите. Јас не сум одговорен за тоа. Ако Реднап сака да ги критикува високи плати, зошто во Јануари тој потпиша со уште двајца, кои добиваа повеќе пари од мене? ", изјави Босингва.

ВОКЕР ГО ПОФАЛИ СВОЈОТ ТИМСКИ ДРУГАР ТАУНЗЕНД.

-  Вокер се надева Таунзенд да продолжи својата добра форма

Кајл Вокер проговори за својот колега од Тотнем, Андрос Таунзенд, кој успеа да постигне прекрасен гол во своето деби за националниот тим на Англија, синоќа, во победата со 4:1 над Црна Гора.
"Андрос живее, дише, спие и јаде за фудбалот. Целата негова работа и посветеност се пројавија оваа вечерва и се надеваме, дека ова е голем чекор во неговиот развој, тој ќе постигне големи нешта. Јас и Дефо му се скаравме порано, дека не шутира од далечина. Тој добро ги прифати нашите критиката и тоа се виде. Освен штоми е пријател, јас можам да кажам, дека ова е почеток на голема кариера", изјави Вокер. 

ЈАГО АСПАС САКА ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА ИГРА ВО ПУЛ.

-  Аспас незадоволен од недостигот на натпревари со Ливерпул

Летното засилување на Ливерпул од Селта Виго, Јаго Аспас сеуште нема погодок за својот нов клуб, но сега сфаќа дека дуото во напад за тимот Луис Суарез и Даниел Стариџ , тешко ќе биде разделено.
"Многу ми е тешко да сум резерва во Ливерпул, бидејќио секогаш бев стартер во годините до сега. Кога ја напуштив Селта Виго, јас бев свесен, дека да сум стартер во Ливерпул нема да биде лесн."
"А сега тимот победува и сме меѓу лидерите во Премиер лигата, сега е многу тешко да најдам минути. Ќе продолжам да работам напорно и малку помалку да ги заслужувам минутите на теренот. Сакам да ја променам сегашната ситуација во нападот", изјави Аспас, цитира од Daily Mail.

МОЈС МОЖЕЛ, НО НЕ ГО КУПИЛ ОЗИЛ ОД РЕАЛ ???

-  Мојс одбил да го купи Озил во последниот ден за трансфери

Во последниот ден од летниот преоден рок Манчестер Јунајтед имал можност да потпише со полудефанзивецот Месут Озил, објави британскиот печат. Според информациите, во 20:00 часот во последниот ден за реализирање на трансфери германецот веќе ги имал поминато лекарските прегледи во Арсенал. Сепак, Месут преферирал опција со Манчестер Јунајтед, а и Реал бил отворен за преговори со шампионот на Премиер лигата.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс сепак не сакал да го попречува преминувањето на Озил во Арсенал за 42,5 милиони фунти, бидејќи имал намера да потпише со фудбалер од друг план. Наместо тоа, Јунајтед се обратил кон Реал за купување на полудефанзивецот Сами Кедира и дефанзивецот Фабио Коентрао.
Како што е познато, ниту германецот, ниту португалецот пристигнаа на "Олд Трафорд", што го натерало Мојс да се сврти кон својот резервен опција и во последниот час на трансфер прозорецот да потпише со Маруан Фелаини.

РЕСПЕКТ: ЈУНАЈТЕД ДАРУВА ЗА ДЕЦАТА ВО СОРАБОТКА СО UNICEF

-  Јунајтед ја продолжи соработката со UNICEF

Манчестер Јунајтед ја продолжи соработката со UNICEF, соопшти официјалниот сајт на клубот. Според информациите, шампионот на Англија е жртвуваше еден милион фунти за финансирање на различни активности за зашитата на децата. Во текот на 13 години Јунајтед и UNICEF во рамките на својата соработката помогнале на повеќе од 3,4 милиони деца низ целиот свет.
Од издвои средства 500 000 фунти ќе одат по работата на UNICEF во Виетнам.

ОЗИЛ ПРИЗНА ЗА БЛИСКИ КОНТАКТИ СО МУРИЊО.

-  Озил призна дека е во контакт со Мурињо

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил призна, дека менаџерот на Челси, Жозе Мурињо бил радосен поради неговото пристигнување во Арсенал.
"Ние продолжуваме да бидеме во контакт со Мурињо. Разговаравме, дури и кога тој го напушти Реал. Кога пак јас преминав во Арсенал, Жозе ми испрати СМС:" Добредојдовте во Лондон! ", изјави Озил.

АНГЛИЈА СО ЕДНА НОГА НА СП2014, ПО ПОБЕДАТА ПРОТИВ ЦРНА ГОРА ОД 4:1.

-  Англија направи важен чекор кон СП 2014 во Бразил

Англија направи решителен чекор кон Светското првенство во Бразил следното лето, откако ја победи со 4:1 Црна Гора на "Вембли". Вејн Руни го отвори резултатот во 48-та минута, а Бранко Бошковиќ сосема ја олесни задачата на домаќините откако си постигнувајќи смешен автогол во 62 -та минута. Дебитантот Андрос Таунзeнд (78') и Даниел Стариџ (90'-пенал) постигнаа по уште еден гол за " трите лава", додека Дејан Дамјановиќ (71') го реализира почесниот гол за црногорците. Селекторот Рој Хоџсон му укажа доверба на Џо Харт покрај неубедливите настапи во последно време, а Андрос Таунзенд дебитираше за репрезентацијата на десното крило.


LINEUP

England

  • 01 Hart
  • 02 Walker Booked
  • 03 Baines
  • 04 Gerrard (Milner - 87' )
  • 05 Cahill
  • 06 Jagielka
  • 07 Townsend (Wilshere - 80' )
  • 08 Lampard (Carrick - 65' )
  • 09 Sturridge
  • 10 Rooney
  • 11 Welbeck

Substitutes

  • 12 Smalling
  • 13 Ruddy
  • 14 Gibbs
  • 15 Jones
  • 16 Carrick
  • 17 Milner
  • 18 Barkley
  • 19 Wilshere
  • 20 Defoe
  • 21 Lambert
  • 22 Forster

Montenegro

  • 01 Poleksic
  • 02 Pavicevic Booked (Beqiraj - 57' )
  • 04 Jovanovic
  • 18 Drincic
  • 06 Kecojevic
  • 21 Savic
  • 17 Zverotic
  • 23 Boskovic
  • 08 Jovetic (Kasalica - 81' )
  • 14 Damjanovic
  • 05 Volkov Booked (Vukcevic - 72' )

Substitutes

  • 03 Vesovic
  • 07 Vukcevic
  • 10 Delibasic
  • 11 Beqiraj
  • 12 Blazic
  • 13 Novakovic
  • 15 Krkotic
  • 16 Igumanovic
  • 19 Janjusevic
  • 22 Kasalica
Ref: Alberto Undiano Mallenco

MATCH STATS

Possession39%61%90minsEnglandMontenegro

Shots

2710


On target

122

Corners

140

Fouls

812




Friday, 11 October 2013

МАРТИН КЕЛИ ЈА КОМЕНТИРА ИГРАТА НА ПУЛ.

-  Мартин Кели: Коло е силна личност, помогна многу во соблекувалната

Дефанзивецот на Ливерпул, Мартин Кели призна, дека зедениот како слободен агент ова лето Коло Туре веќе станал главна фигура во составот на "црвените".
"Коло е одлична личност. Тој се наметне како силен карактер во клубот и помогна многу во соблекувалната. Без разлика дали игра за твојот тим или не на тренинзите, Коло дава совети на сите и јас како дефанзивец нема како да не ми се допаѓа тоа. Нема како да не го сакаш чувството на здравиот и сплотен тим. Во моментов имаме големи играчи, кои помагаат да се задржат работите под контрола, од голманот та дури до напаѓачите. Тоа е поради чудесниот баланс кој го имаме до моментов".
"Мислам дека во клуб како Ливерпул секогаш треба да има нови засилувања кои ќе го зајакнат тимот. Начинот, по кој игра Ливерпул е фантастичен. Играме многу добро и тимски, како во нападот така и во одбраната. Кога поведеме во резултатот, ние успеавме да го задржиме и да победиме. Ова беше извонредно важно за нашиот напредокот во оваа сезона", изјави Кели пред официјалниот сајт на клубот.


ДЕ БРУЈИН: МЛАДИТЕ АНГЛИЧАНИ ТРЕБА ДА ОДАТ ВО СТРАНСТВО ЗА ДА СЕ ДОКАЖАТ.

-  Де Брујин: За англичаните е подобро да играат во странство

Крилото на Челси, Кевин де Брујин ги посоветува младите англиски фудбалери да почнат да играат во странство, ако сакаат да се пробијат во фудбалот.
"Премиер лигата несомнено е најдобро првенство, но е многу тешко за младите англиски таленти да играат редовно. Не знам зошто, но не гледам многу британски играчи во странство. Можеби, ако отидат во странство тоа ќе им помогне да се развијат професионално. Тука немаат толку голема можност за докажување, како би имале во во другите првенства. Наместо тоа, помладите англичани решаваат да останат во Англија и да играат на позајмица во Чемпионшип дивизијата. Според мене е подобро да одат на пример во Германија, каде што нивото на фудбалот е исто така високо и се посветува внимание на талентите. Многу може да се научи од овие тимови или првенства. Мислам, дека секој би се согласил, дека Бундеслигата например е посилна од Чемпионшип дивизијата. Но јас постојано слушам како англичаните сакаат да останат во Англија и не размислуваат за трансфер зад граница", изјави Кевин де Брујин. 

СИТИ ДОБИ ДОЗВОЛА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЕТИХАД.

-  Сити доби дозвола за реконструкција на Етихад

Манчестер Сити доби одобрување на своите планови за зголемување на капацитетот на стадионот " Етихад " до 61 500 гледачи. Наводно, клубот ќе изгради дополнителни редови на двете трибини зад головите. Благодарение на тоа, капацитетот на спортскиот објект ќе се зголеми од 48 илјади на 61,5 илјади гледачи.
"Граѓаните" планираат да ги почнат градежните работи во Февруари, што ќе засегне околу 36 000 сопственици на сезонски билети. Се претпоставува, дека клубското раководство ќе ги компензира оштетените со бесплатни сезонски билети за следната сезона.
Реконструкцијата ќе овозможи на "Етихад" да стане втор стадион по број на гледачи во Англија на клубско ниво по "Олд Трафорд", кој како што е познато, им припаѓа на соседите од Манчестер Јунајтед .
Порано се дозна, дека просечната посетеност на "Етихад" на домашните натпревари на Сити е надминува 99% . Проширувањето на стадионот ќе го зголеми  приход на клубот.

РУНИ ОДБИЛ ДА ПРЕГОВАРА ЗА НОВ ДОГОВОР.

-  Руни одби да преговара за нов договор со Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни одби да започне преговори за склучување на нов договор со клубот. Според изворот на информациите, 27-годишниот фудбалер не ја исклучува можноста да го напушти "Олд Трафорд" по крајот на оваа сезона.
Во врска со ова, претставници на играчот веќе го информирале раководството на Јунајтед, дека фудбалерот нема намера да разговара за продолжување на договорот.
Како што е познато, актуелниот договор помеѓу Руни и Јунајтед е до летото 2015 година.

КЛЕВЕРЛИ СЕ ПОВРЕДИ, И СЕ ВРАТИ ВО ЈУНАЈТЕД

-  Клеверли ја напушти базата на Англија и се врати во Манчестер Јунајтед

Полудефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Том Клеверли отпадна од составот на Англија за квалификациите за светското првенство против Црна Гора и Полска. Играчот на Манчестер Јунајтед, кој има 11 натпревари за националниот тим, доби повреда на потколеницата на вчерашната тренингот. Клеверли ја напушти базата на Англија и се врати во својот тим, каде што ќе биде лекувана неговата повреда.

ПОЈЕТ ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН АНГЛИСКИ ВО САНДЕРЛЕНД.

-  Задолжителен англиски во Сандерленд

Англискиот станува задолжителен за сите фудбалери во соблекувалната на Сандерленд, за да биде подобрена комуникацијата во тимот. Тоа е првата заповед на новиот менаџер на "црните мачки" Густаво Појет. Уругваецот располага со играчи од 13 различни националности на "Стејдиам оф Лај " и затоа смета, дека сите треба да се откажат да зборуваат на својот мајчин јазик, за да има промена во играта на тимот. 
"Ова е многу важен метод за мене, кој го научив уште од времето како фудбалер во Челси, кога Денис Вајс ме чу како зборувам на шпански и забрани во соблекувалната да се зборува на друг јазик освен на англиски. На почетокот и јас се прашував за што ни е тоа, но со текот на времето сфатив дека бил сосема во право. Лично јас зборувам четири јазици: француски, италијански, шпански и лош англиски, но понатаму ќе се зборува со фудбалерите само на англиски", коментира Појет.

ТОРЕС: ТРЕБА ДА ЈА ПОДОБРАМ ИГРАТА.

-  Торес: Мора да постигнувам повеќе голови

Напаѓачот на Челси, Фернандо Торес е свесен, дека треба да почне да игра подобро и да постигнува повеќе голови за својот клуб.
"Луѓето ја гледаат мојата игра и си велат, дека треба да се претставувам подобро и се во право. Клубот плати многу пари за мене и јас треба да покаже, дека тоа било правилно. Треба да даде повеќе од она што го правам до моментов во Челси. Знам, дека има уште што да покажам, за да ја оправдам довербата која ми беше дадена од страна на сопственикот. Бројот голови кои ги постигнав минатата сезона треба да е минимумот, кон кој ќе се стремам. Знам што се сака од мене и имам доволно време за да го направи тоа. Потпишав договор за пет години и верувам, дека иднината ќе биде подобра", изјави Торес. 
Шпанецот исто така додаде, дека и покрај тешкотиите со кои се соочува, воопшто не жали за одлуката да дојде во Челси. 
"Задоволен сум, што ја донесов оваа тешка одлука и дојдов во Челси. Видовте колку успеси постигнавме тука и се си вредеше. Понекогаш имаше претерување за сè што правам, кога ќе пропуштам да постигнам погодок кога ќе добијам црвен картон кога ќе ја погодам пречката. Минатата сезона сепак беше подобра од гледна точка на головите ( 23 ) и имавме шанса да се бориме за трофеи. Ако ги прашате луѓето сепак, тие ќе речат дека можеме да играме и подобро и тоа е така. Кај мене сепак, кога ќе направам нешто добро го оценуваат како горе-долу добро, а кога ќе направам нешто лошо се гледа како целосна трагедија", додаде Ел Нињо.

ПИРЕС: ОЗИЛ МЕ ПОТСЕТУВА НА ЗИДАН, ТОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ИГРАЧ ЗА АРСЕНАЛ.

-  Пирес: Озил ме потсетува на Зидан

Легендата на Арсенал, Роберт Пирес се искажа повеќе од добро за новото засилување на лондонскиот клуб Месут Озил.
"Според мене Арсен Венгер зеде играч од светска класа во лицето на Озил. За мене тој е најдобриот број 10 во светот во моментов. Тој ги покажа своите квалитети во Реал Мадрид и со екипата на Германија. Токму таков играч му беше потребен на Арсенал. Со неговиот трансфер Арсенал стана посилен во играчки план, а се крена и самодовербата и на останатите фудбалери и веќе ривалите се плашат од овој тим. Ова беше добар договор и од гледна точка на престижот, а така Арсенал повторно се покажа како голем клуб . Ако треба да го споредам Озил со некој со кого сум играл, тоа би бил Зинедин Зидан. Тој има ист поглед на играта, како и истите генијални одигрувања со кои ги наоѓа своите соиграчи. Како повеќето приврзаници на Арсенал и јас очекував клубот да направи некој сериозен трансфер во последните години и во моментов сум многу среќен, бидејќи беше донесен неверојатен играч", изјави Пирес.