- Де Брујин: За англичаните е подобро да играат во странство
Крилото на Челси, Кевин де Брујин ги посоветува младите англиски фудбалери да почнат да играат во странство, ако сакаат да се пробијат во фудбалот.
"Премиер лигата несомнено е најдобро првенство, но е многу тешко за младите англиски таленти да играат редовно. Не знам зошто, но не гледам многу британски играчи во странство. Можеби, ако отидат во странство тоа ќе им помогне да се развијат професионално. Тука немаат толку голема можност за докажување, како би имале во во другите првенства. Наместо тоа, помладите англичани решаваат да останат во Англија и да играат на позајмица во Чемпионшип дивизијата. Според мене е подобро да одат на пример во Германија, каде што нивото на фудбалот е исто така високо и се посветува внимание на талентите. Многу може да се научи од овие тимови или првенства. Мислам, дека секој би се согласил, дека Бундеслигата например е посилна од Чемпионшип дивизијата. Но јас постојано слушам како англичаните сакаат да останат во Англија и не размислуваат за трансфер зад граница", изјави Кевин де Брујин.

No comments:
Post a Comment