- Задолжителен англиски во Сандерленд
Англискиот станува задолжителен за сите фудбалери во соблекувалната на Сандерленд, за да биде подобрена комуникацијата во тимот. Тоа е првата заповед на новиот менаџер на "црните мачки" Густаво Појет. Уругваецот располага со играчи од 13 различни националности на "Стејдиам оф Лај " и затоа смета, дека сите треба да се откажат да зборуваат на својот мајчин јазик, за да има промена во играта на тимот.
"Ова е многу важен метод за мене, кој го научив уште од времето како фудбалер во Челси, кога Денис Вајс ме чу како зборувам на шпански и забрани во соблекувалната да се зборува на друг јазик освен на англиски. На почетокот и јас се прашував за што ни е тоа, но со текот на времето сфатив дека бил сосема во право. Лично јас зборувам четири јазици: француски, италијански, шпански и лош англиски, но понатаму ќе се зборува со фудбалерите само на англиски", коментира Појет.

No comments:
Post a Comment