CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Friday, 11 October 2013

СИТИ ДОБИ ДОЗВОЛА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЕТИХАД.

-  Сити доби дозвола за реконструкција на Етихад

Манчестер Сити доби одобрување на своите планови за зголемување на капацитетот на стадионот " Етихад " до 61 500 гледачи. Наводно, клубот ќе изгради дополнителни редови на двете трибини зад головите. Благодарение на тоа, капацитетот на спортскиот објект ќе се зголеми од 48 илјади на 61,5 илјади гледачи.
"Граѓаните" планираат да ги почнат градежните работи во Февруари, што ќе засегне околу 36 000 сопственици на сезонски билети. Се претпоставува, дека клубското раководство ќе ги компензира оштетените со бесплатни сезонски билети за следната сезона.
Реконструкцијата ќе овозможи на "Етихад" да стане втор стадион по број на гледачи во Англија на клубско ниво по "Олд Трафорд", кој како што е познато, им припаѓа на соседите од Манчестер Јунајтед .
Порано се дозна, дека просечната посетеност на "Етихад" на домашните натпревари на Сити е надминува 99% . Проширувањето на стадионот ќе го зголеми  приход на клубот.

No comments:

Post a Comment