- Пирес: Озил ме потсетува на Зидан
Легендата на Арсенал, Роберт Пирес се искажа повеќе од добро за новото засилување на лондонскиот клуб Месут Озил.
"Според мене Арсен Венгер зеде играч од светска класа во лицето на Озил. За мене тој е најдобриот број 10 во светот во моментов. Тој ги покажа своите квалитети во Реал Мадрид и со екипата на Германија. Токму таков играч му беше потребен на Арсенал. Со неговиот трансфер Арсенал стана посилен во играчки план, а се крена и самодовербата и на останатите фудбалери и веќе ривалите се плашат од овој тим. Ова беше добар договор и од гледна точка на престижот, а така Арсенал повторно се покажа како голем клуб . Ако треба да го споредам Озил со некој со кого сум играл, тоа би бил Зинедин Зидан. Тој има ист поглед на играта, како и истите генијални одигрувања со кои ги наоѓа своите соиграчи. Како повеќето приврзаници на Арсенал и јас очекував клубот да направи некој сериозен трансфер во последните години и во моментов сум многу среќен, бидејќи беше донесен неверојатен играч", изјави Пирес.

No comments:
Post a Comment