CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Saturday, 12 October 2013

БОСИНГВА ВОЗВРАТИ НА НАПАДИТЕ НА РЕДНАП.

-  Босингва: Реднап мисли дека е Сер Алекс

Жозе Босингва одговори на нападите, кои ги објави на негова адреса Хари Реднап во последната автобиографска книга. Според менаџерот Босингва се однесувал исклучиво срамно за премногу големите суми кои ги добивал. Сега десниот бек игра во Трабзонспор, не пропушти да му одговори на Реднап:
"Хари е фрустрирачки и лут менаџер. Тој мисли, дека е Сер Алекс Фергусон, но има една разлика меѓу нив, тој никогаш не освоил титула во својотт живот. Мислам дека Реднап е многу збунет, сигурно е од возраста".
"Изненаден сум од неговите нападите, затоа што пред да го напуштам КПР тој седна да разговара со мене и ми рече дека сум одличен играч. Односите ни не беа многу добри, но не сум земал насила плата од нив. Се се решаваше од клубот. Тие ме отценија и јас пристигнав од Челси за никакви пари, а јас ја имав освоено Лигата на Шампионите. Јас не сум одговорен за тоа. Ако Реднап сака да ги критикува високи плати, зошто во Јануари тој потпиша со уште двајца, кои добиваа повеќе пари од мене? ", изјави Босингва.

No comments:

Post a Comment