CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Saturday, 12 October 2013

МОЈС МОЖЕЛ, НО НЕ ГО КУПИЛ ОЗИЛ ОД РЕАЛ ???

-  Мојс одбил да го купи Озил во последниот ден за трансфери

Во последниот ден од летниот преоден рок Манчестер Јунајтед имал можност да потпише со полудефанзивецот Месут Озил, објави британскиот печат. Според информациите, во 20:00 часот во последниот ден за реализирање на трансфери германецот веќе ги имал поминато лекарските прегледи во Арсенал. Сепак, Месут преферирал опција со Манчестер Јунајтед, а и Реал бил отворен за преговори со шампионот на Премиер лигата.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс сепак не сакал да го попречува преминувањето на Озил во Арсенал за 42,5 милиони фунти, бидејќи имал намера да потпише со фудбалер од друг план. Наместо тоа, Јунајтед се обратил кон Реал за купување на полудефанзивецот Сами Кедира и дефанзивецот Фабио Коентрао.
Како што е познато, ниту германецот, ниту португалецот пристигнаа на "Олд Трафорд", што го натерало Мојс да се сврти кон својот резервен опција и во последниот час на трансфер прозорецот да потпише со Маруан Фелаини.

No comments:

Post a Comment