- Руни одби да преговара за нов договор со Јунајтед
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни одби да започне преговори за склучување на нов договор со клубот. Според изворот на информациите, 27-годишниот фудбалер не ја исклучува можноста да го напушти "Олд Трафорд" по крајот на оваа сезона.
Во врска со ова, претставници на играчот веќе го информирале раководството на Јунајтед, дека фудбалерот нема намера да разговара за продолжување на договорот.
Како што е познато, актуелниот договор помеѓу Руни и Јунајтед е до летото 2015 година.

No comments:
Post a Comment