CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Saturday, 12 October 2013

ВОКЕР ГО ПОФАЛИ СВОЈОТ ТИМСКИ ДРУГАР ТАУНЗЕНД.

-  Вокер се надева Таунзенд да продолжи својата добра форма

Кајл Вокер проговори за својот колега од Тотнем, Андрос Таунзенд, кој успеа да постигне прекрасен гол во своето деби за националниот тим на Англија, синоќа, во победата со 4:1 над Црна Гора.
"Андрос живее, дише, спие и јаде за фудбалот. Целата негова работа и посветеност се пројавија оваа вечерва и се надеваме, дека ова е голем чекор во неговиот развој, тој ќе постигне големи нешта. Јас и Дефо му се скаравме порано, дека не шутира од далечина. Тој добро ги прифати нашите критиката и тоа се виде. Освен штоми е пријател, јас можам да кажам, дека ова е почеток на голема кариера", изјави Вокер. 

No comments:

Post a Comment